Волкашин

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Волкашин Мрњавчевиќ)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Kрал Волкашин
Крал
Фреска на Волкашин од манастирот „Св. Никола“ во село Псача (XIV век)
Владеење 1365 - 1371
Полно име Волкашин Мрњавчевиќ
Придружник Елена
Деца Марко, Андреаш, Димитар, Иваниш
Област на крал Волкашин Мрњавчевиќ и деспот Јован Углеша (во 1371 година).

Волкашин бил крал, татко на Крале Марко, кој го формирал прилепското кралство. Во 1365 година бил прогласен за крал, а во неговата држава спаѓале териториите на Призрен, Костур, Вардар, албанските планини, Преспа, Охрид, Дебар, Скопје, Приштина. Тој го формирал манастирот Св. Димитрија денес познат како Марков Манастир.

Медалјон од полилејот во Марковиот Манастир со натпис „Во името на Христос Бог, благоверниот крал Волкашин“. Медалјонот се чува во Националниот историски музеј во Софија.

Со тенденција за натамошно утврдување и легитимирање на Кралството, Волкашин се потпрел на Охридската архиепископија, лишувајќи го пеќскиот патријарх од јурисдикција врз Скопската и Призренската митрополија.[1] На 26 септември 1371 година го губи својот живот во Маричката битка заедно со брат му Углеша. Него го наследува неговиот син Крале Марко.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Шукарова, Анета (2008). Историја на македонскиот народ. Институт за национална историја. стр. 123. ISBN 9789989159237.