Волендам

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Волендам
Volendam
Местоположба на Волендам Volendam
државаХоландија
пoкраинаСеверна Холандија
ОпштинаЕдам-Волендам
Население (ноември 2007)22 000
Волендам (во прв план на брегот) и Едам (во заден план)

Волендам (холандски: Volendam, холандски изговор: [ˌvoːlənˈdɑm]) — град во Холандија во провинцијата Северна Холандија, ѝ припаѓа на општината Едам-Волендам. Во градот живеат околу 22 000 жители (ноември 2007).

Волендам во раниот 20-ти век

Историја[уреди | уреди извор]

Првобитно, локацијата на Волендам била на пристаништето во близина на општината Едам, која се наоѓала на влезот од Амстердам. Во 1357, жителите на Едам ископале краток канал до Зојдерзе со сопственото одвоено пристаниште. Тоа ја отстранило потребата за оригиналното пристаниште, кое било оштетено и се користело за одземање површина од морето. Фармерите и локалните рибари се населиле таму и формирале нова заедница Волендам што значело нешто како насипна брана. Поголемиот дел од населението припаѓа на Римокатоличката црква, кој е длабоко поврзан со културата на селото. Историски гледано, многу мисионерки, мисионери и епископи израснале во Волендам. Денес постои параклисот на Пресвета Богородица на вода, кој се наоѓа во селото во паркот.

Пожар во кафуле[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Волендамски новогодишен пожар.

На прославата на пречекот на Новата 2001 година, прскалките во кафулето Де Хемел предизвикале краток, но интензивен оган. Имено со палењето на прскалките, се запалиле сувите божиќни украси на таванот, при што таванот целосно паднал и одзел 14 животи, а сериозно биле повредени 200 лица.

Девојчиња од Волендам во традиционални носии.
Холандски традиционални носии прикажани на фестивалот Фолклајф. Костимите Волендам се првите две на левата страна.

Tуризам[уреди | уреди извор]

Волендам е популарна туристичка атракција во Холандија, добро познат по своите стари рибарски бродови и традиционална облека се уште носи од страна на некои жители. Женскиот костим на Волендам, со својата висока капа, е една од најпрепознатливите на холандската традиционална носија, и често се вклучени во туристички разгледници и постери (иако се верува дека помалку од 50 жени се облечени во оваа носија како дел од нивниот секојдневен живот, повеќето од нив се постари)

Фудбал[уреди | уреди извор]

ФK Волендам е фудбалски клуб формиран во Волендам, кој што регуларно игра во Холандската прва лига (Dutch Eredivisie) (во моментот клубот се натрпреварува во втората дизизија).

Музика[уреди | уреди извор]

Волендам исто така е познат по карактеристичниот стил на музика, која се вика „палингсоунд“ (буквално; звукот на јагулите) кој се однесува на Волендам како статус на рибарско село. Во текот на 1960 година, локална група „Мачките“ беше многу популарна група во Холандија и во странство. Уште еден бенд од Волендам беше БЗН (BZN), која стана популарна во доцните 1960-ти и раните 1970-ти. Во 1995 година БЗН извел дует со десетгодишниот Јан Смит, кој и самиот брзо станал славна личност. Популарните музички групи 3JS и Ник&Симон се славните од Волендам, чии сите членови учествувале на локалните музички изведби во текот на годините.

Сликари на Волендам[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 52°29′58″N 5°04′03″E / 52.49944° СГШ; 5.06750° ИГД / 52.49944; 5.06750