Вока пипл

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Вока пипл (англиски: The Voca People) е музичка група, која изведува вокална музика (a capella). Групата е осована во Израел, но музичарите се од различни делови на светот. Членовите на групата се на возраст од 25 до 60 години. Во своите настапи, тие го комбинираат а капела пеењето со модерниот битбокс, кој ги имитира звуците на тапани, труби, гитари и музички ефекти, а сето тоа без поддршка на никаков музички инструмент. Во своите настапи, тие внесуваат многу хумор и ја анимираат и публиката. За себе, тие велат дека потекнуваат од далечната планета „Вока“, каде жителите не зборуваат, туку комуницираат преку пеењето. Нивното мото е „Животот е музика и музиката е живот“.[1]

Првото видео на групата, објавено на „Јутјуб“ во 2009 година, имало повеќе од 5 милиони прегледувања. Настапувале цела година на „Оф-Бродвеј“ сцената во Њујорк, а во 2012 година, тие ја освоиле наградата „Locile Lortel“ за „извонредно алтернативно доживување“. Групата има настапувано во повеќе од 25 земји, а на 1 август 2014 година, таа настапила и во Македонија, во рамките на фестивалот „Охридско лето“.[2] [3] [4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 54 Охридско лето/ Ohrid Summer Festival – 12.07-20.08.2014.
  2. „Вока пипл ќе слетаат на Антички театар“, Дневник, година XVIII, број 5530, петок, 1 август 2014, стр. 23.
  3. The Voca People Израел /Israel, 54 Охридско лето, петок, 1.8.2014.
  4. 54 Охридско лето/ Ohrid Summer Festival – 12.07-20.08.2014.