Воз без возен ред

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Воз без возен ред (хрватски: Vlak bez voznog reda) - југословенски филм од 1959 година, во режија на Вељко Булајиќ, кој е автор и на сценариото, заедно со Иво Браут. Главните улоги ги толкуваат: Столе Аранѓеловиќ, Оливера Марковиќ, Велимир Бата Живоиновиќ, Инге Илин, Зденка Трах, Тана Маскарели, Лиа Ро-Барбиери, Љиљана Вајлер, Ивица Пајер, Милан Милошевиќ, Сима Јаниќијевиќ итн.[1] Филмот бил награден со четири награди на Пулскиот филмски фестивал, а Булајиќ ја добил и наградата за најдобар дебитантски филм на Канскиот филмски фестивал.

Синопсис[уреди | уреди извор]

Во едно село во Далмација, партизанскиот офицер Ловре (го игра Аранѓеловиќ) ги убедува селаните да се преселат во Барања. Некои од селаните ја прифаќаат понудата, верувајќи дека таму ќе имаат подобар живот, додека други се спротивставуваат. Сепак, голема група селани поаѓаат на пат, а меѓу нив и Ловре, заедно со браќа му Дује (го игра Живоиновиќ) и Периша (го игра Милошевиќ). Притоа, Периша го среќава својот другар од војната Николица (го игра Пајер) кој, исто така, заминува во Барања. Тие запознаваат две девојки при што Периша се вљубува во Дана (ја игра Илин), додека другата девојка е вљубена во Николица. Него, пак, го привлекува вдовицата Ике (ја игра Марковиќ), но таа ја одбива неговата љубовна понуда. Патем, Периша и Дана се зближуваат, но нејзиниот татко сака да ја омажи за едно момче во Барања. Кога дознава за врската, Периша е лут на Дана, но таа му кажува дека не го сака нејзиниот свршеник. Кога селаните пристигнуваат во Барања, тие добиваат големи поседи и сите се задоволни, освен Николица, кој не сака да стане селанец и настојува да го продаде својот имот. За време на свадбата, Дана отворено кажува дека не го сака зетот и свадбата се прекинува. Николица се простува со Ике и заминува, а Периша го испраќа. На патот кон селото, нему му приоѓа Дана, која му се фрла во прегратка, додека Ловре ја посетува Ике.

Наводи[уреди | уреди извор]