Воена извидница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Почеток на тренингот на германската воена единица во 1932 година

Воена извидница — поранешен екипен зимски спорт, во кој спортистите се натпреварувале во скијачко трчање, скијачко планинарење и стрелаштво. Обично било одржувано помеѓу држави или воени единици.

Натпреварувањето се состоело од 25 километри скијачко трчање (15 км за жени) и стрелаштво. Големината на извидницата била четири членови. Вкупното искачување требало да биде од 500 до 1.200 метри (300 до 700 метри за жени). Правилата биле многу слично на современиот биатлон. Традиционално, извидницата била составена од еден офицер, еден подофицер и двајца војници. Офицерот носел пиштол наместо пушка и не учествувал во пукањето. Вкупната тежина на ранците на подофицерот и војниците требало да биде најмалку 24 килограми. Подоцна, натпреварувачите не носеле ранци и пушкие биле слична верзија на оние во биатлон. Предводникот на извидницата немал никакво оружје.

Воената извидница била дел од Меѓународниот совет за воени спортови (Conseil International du Sport Militaire), како и од скијачките првенства во 1929 година. Била дел од официјалната програма на Зимските олимписки игри во Шамони 1924,[nb 1] и на три игри како демонстративен спорт (1928, 1936 и 1948).

Наследник[уреди | уреди извор]

Биатлонот се развил од воената извидница.[nb 1]

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 На официјалната страница на олимпијадите, машката воена извидница на игрите во 1924 година е запишана како настан во рамките на биатлон.[1][2] Меѓутоа, официјалниот извештај од 1924 година го вреднува настанот и дисциплината во рамки на тогашното „Скијање“, кое денес е наречено нордиско скијање.[3][4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Biathlon Results - Chamonix 1924“. Меѓународен олимписки комитет. Посетено на 17 февруари 2014.
  2. „Olympic Games Medals, Chamonix 1924“. Меѓународен олимписки комитет. Посетено на 17 февруари 2014.
  3. Official Report (1924), p 646: Le Programme ... II. — Epreuves par équipes - 12. Ski : Course militaire (20 à 30 kilomètres, avec tir). (The Programme ... II. — Team events - 12. Skiing : Military Race (20 to 30 kilometres, with shooting)).
  4. Official Report (1924), p 664: CONCOURS DE SKI - Jurys - COURSE MILITAIRE. (Skiing Competitions - Juries - Military Race)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]