Воена академија (2 сезона)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Втората сезона на ТВ серијата Воена академија била премиерно прикажана на РТС во периодот од 16 февруари до 30 март 2014 година.

Синопсис[уреди | уреди извор]

Втората сезона продолжува исто каде што завршува првата, но овој пат кадетите чекаат некои нови искушенија.

Улоги[уреди | уреди извор]

Главни[уреди | уреди извор]

Епизодни[уреди | уреди извор]

Епизоди[уреди | уреди извор]

Бр. еп.

(вкупно)
Бр. еп.

(во сезона)
Наслов Режисер Сценарист Премиера
17 1 Епизода 2.1 Дејан Зечевиќ Бобан Јевтиќ 16 февруари 2014 г. (2014-02-16)

Работата продолжува точно таму каде што запрела. На улица го „собираат" кадетот Стошиќ по тешката сообраќајна несреќа. Во полициската станица се Рис, Мраз, Лела, и оние кои возбудени чекаат. Надица се буди по операцијата, загрижениот Џаковиќ је невидлив дух на ВМА. Мајката на Клисура, Милијарда, ќе биде во прилика да ја бодри госпоѓата Емилија, мајката на Стошиќ, со многу топол хумор својствен на нејзиниот симпатичнен лик. Продолжува и започнатата романса помеѓу старешината Кашанин и згодната Весна која е психолог.

18 2 Епизода 2.2 Дејан Зечевиќ Бобан Јевтиќ 23 февруари 2014 г. (2014-02-23)

Кадетите конечно го дочекуваат она поради што и се дојдени на Академијата, „права" летачка обука на симулатори, хеликоптери и авиони. Починуваат часови на воведување, тешкиот материјал е поткрепен со атрактивна пракса низ која ги спроведува нивниот поранешен командир, а сега демонстратор, капетан Васке. Рис ја посетува Лела која е на психијатрија по траумата низ која помина кога ја грабнаа гангстери. Меѓутоа, таа веќе воопшто не комуницира. Рис је оптоварен со фактот дека Мраз е во затвор затоа што го штитител. Тој и Зимче по грешка ќе навлезат во една (не)обична семејна авантура. Џаковиќ спреми прстен за Надица, што предизвикува многу коментари меѓу неговите колеги. Меѓутоа, тој сака да се жени. Стошиќ се труди што порано да совлада рехабилитацијата и да се врати на Академијата. За неговата нестрпливост терапевтот Мики е ноќна мора. Аферата помеѓу психологот Весна и командирот Кашанин излегува од тајнност. Се појавува и сестрата на Роксанда, заводлива манекенка, која меѓу мажите секогаш предизвикува внимание.

19 3 Епизода 2.3 Дејан Зечевиќ Бобан Јевтиќ 2 март 2014 г. (2014-03-02)

Сите се сочувствувуваат со Надица која ја чека судбинската одлука - да ли засекогаш ќе мора да ги напушти студиите на Академији. Џаковиќ оди дома и прв пат се сретнува со татко му откако тој е кажнет за насилствло во семејството. Не знае низ што Надица поминува. Бидејќи веќе се покажало дека озлогласениот професор по математика е всушност дедо на Мраз, тој сега се обидува да го преземе старателството над внуците користејќи го тоа што зетот е во затвор. Идејата Рис и Зимче наизменично да ги посетат неговите, па нејзините родители, се остварува со секоја можна непријатност и хумор кои таквите први средби ги подразбираат. Особено се истакнува по оригиналноста на таткото на Зимче. Стошиќ и натаму вредно вежба, но една изненадна посета ќе го вознемири. Исто така се претпоставува дека Мики и Стошиќ сепак се знаат од некаде, од времето додека тој се уште бил навивач бунтовник. Сестрата на Роксанда ги повикува кадетите на журка, Шашвари не е воодушевена од начинот на кој Клисура и останатите момци го прифаќаат повикот. Џаковиќ поаѓа да запроси Надица, но нема да биде судено да се видат.

20 4 Епизода 2.4 Дејан Зечевиќ Бобан Јевтиќ 9 март 2014 г. (2014-03-09)

Џаковиќ објавува на сите дека сака да ја напушти Академијата. Без Надица веќе ништо нема смисла, а на Академијата и така го пратиле на сила. Неговиот татко е живописно скандализиран со таа вешт. Дознава дека Биса е сираче, а нејзиното интересирање за Лаки се потешко може да се сокрие. Главен настан, кој ги собира кадетите во среќа, е враќањето на Стошиќ на Академијата. Дали негова рехабилитација е доволно успешна? Со татко му продолжуваат конфликтите. Ќе дојде до пресврт во љубовноата врска помеѓу Весна и Кашанин. Манекенките се спремаат на журката да ги засенат „смешните" кадетки пред нивните момчиња.

21 5 Епизода 2.5 Дејан Зечевиќ Бобан Јевтиќ 15 март 2014 г. (2014-03-15)

Ќе се одигра долго најавуваната „манекенска" забава во организација на сестрата на Роксанда - Ивана. Тоа ќе биде тест за кадетите - дали се имуни на белградските спонзоруши и колку се верни на своите девојки. На журката ќе се појави и Владо Георгиев на кого особено ќе му се допадне една од кадетките. Ќе го видиме и Џаковиќ опкружен со еден куп згодни девојки кои без трепкање ја слушаат неговата тажна приказна. Сепак, за еден од романтичните парови оваа забава ќе биде големо искушение. Покрај тоа, ќе се дознае една среќна вест - некој е на пат да стане татко, а некој да основа нова политичка партија!

22 6 Епизода 2.6 Дејан Зечевиќ Бобан Јевтиќ 22 март 2014 г. (2014-03-22)

Кадетите поминуваат на обука која за многу од нив ќе биде и завршно поглавје од нивото школување за официри. Меѓутоа, ноќта која претходи на поаѓањето за повеќето е многу бурна во емотивна смисла и ќе донесе интересни пресврти во нивните односи. Повторно се појавува Владо Георгијев кој се повеќе се интересира за идната офицерка Роксанда. Како таа ќе му одговори? За тоа време нејзината екстравагантна сестра Ивана ќе има една неочекувана романтична ноќна посета. Шашвари е бескрајно повредена и лута на Мирко због „изневерувањето".

23 7 Епизода 2.7 Дејан Зечевиќ Бобан Јевтиќ 29 март 2014 г. (2014-03-29)

Кадетите коначечно ќе ги фрлат своите шапки пред Собранието на Србија, како што е и вообичаено. Но, пред тоа многу млади судбини ќе се одредат, многу љубовни интриги ќе се разрешат, а ќе видиме и кој ќе ја понесе златната сабја за најдобар кадет. Ќе се случат многу работи, ќе се променат нивните животи, но ќе се роди уште еден нов живот. Со неочекувани пресврти, спојувања и разделувања, едно е сигурно - пријателството ковано со години ќе остане да живее во нив.


Забелешка[уреди | уреди извор]

  • За време на досегашното емитување на серијата, името на самата епизода не било наведено на почетокот на секоја епизода

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • Војна академија[1] на сајтот (јазик: англиски)
  1. Vojna akademija, NIRA, 2012-01-28, Посетено на 2022-01-22