Воена академија на АРМ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Воена Академија на АРМ
Voena Akademija na ARM.gif
Основан 7 јуни 1995
Место Скопје, Македонија Македонија
www.ma.edu.mk

Воената академија е основана со Законот за ВА донесен на 7 јуни 1995 година. На 25 септември 1995 примени се првите питомци во 1 година. На 11 октомври 1995 е одбележан почетокот на работата на академијата. Од 1996 година таа го носи името „Генерал Михаило Апостолски“. Во јуни 1996 е верифицирана во Министерството за образование и наука, додека на 29 јули 1999 заврши првата генерација питомци школувана таму. По учебната 2003/04 година немаше прием на питомци (мораториум) за додипломски студии. На 11 декември 2008 г. Владата на Македонија донела одлука за отпочнување на процес за продолжување на работата на Воената академија.

Период по формирањето на Воената Академија[уреди | уреди извор]

На 7 јуни 1995 година Собранието на Македонија донесе Закон за воена академија со кој е основана Воената академија на Република Македонија. Според овој Закон Установата за обучување на воени старешини се трансформира во Воена академија.

Воената академија е дефинирана како воена високо-образовна и научноистражувачка установа која, според Законот, својата дејност ја врши согласно Законот за високото образование и Законот за научноистражувачката дејност во Република Македонија.

Во септември 1995 година на школување се примени првите питомци во 1 година на Воената академија.

Академската година почна во октомври, а почетокот со работа на Академијата свечено е одбележен на 11 oктомври - Денот на востанието на македонскиот народ кога питомците од 1 година ја дадоа свечената обврска.

Воената академија го носи името „Генерал Михаило Апостолски“ по генерал-полковникот Михаило Апостолски кој бил командант на ГШ на Македонија во Народноослободителната војна (НОВ) од 1941 до 1945 година.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]