Водопади Мируше

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Еден од водопадите

Водопадите Мируше (албански: Ujëvarët е Mirushës) се низа на водопади кои се наоѓаат на реката Мируше, притока на Бел Дрим, во Косово. Водопадите, со текот на времето, создале кањони и пештери, кои се познати низ цело Косово. Реката врежа 10 километри долг кањон и создаде 13 речни езерца со водопади меѓу нив, кои го добиле името на "Плитвице на Метохија", осврнувајќи се на познатите водопади во Хрватска. Водопадите се едни од најпосетуваните атракции на областа и луѓето често одат на пливање. Ѕидовите околу водопадите се бели по боја, додека водата од реката е валкана кафеава. Пештерите се, исто така, популарни кај посетителите. Највисокиот водопад, помеѓу шестото и седмото езеро, е висок 22 метри.