Водоснабдителна кула (Москва)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Водоснабдителна кула
Водовзводная башня
Поглед кон кулата
Карта
Општи податоци
ГрадЦрвен Плоштад, Москва
ЗемјаРусија
Почната1488
Проектирање и изградба
АрхитектАнтонио Фријазин, Јосип Бове

Водовзводновска кула (руски:Водовзводная башня) е кула која се наоѓа во Кремљ, на Црвениот плоштад во Москва, Русија.

Кулата била изградена во 1488 година од страна на италијанскиот архитект Антонио Фријазин[1]. Кулата е позната и под називот Свибловска кула, кој назив пак доаѓа од аристократското семејство Свиблови, кои живееле во непосредна близина на дворот. Во текот на својата историја, кулата на неколкупати била реновирана.

Во 1633 година, таа служела за пренос на вода од реката Москва кон Кремљ. Од овде, оваа кула денеска е позната како водоснабдителна кула. Во 1812 година, при повлекувањето на Наполеон Бонапарт од Москва, кулата била скоро целосно уништена. Во периодот од 1817-1819 година, кулата била повторно реставрирана од страна на архитектот Јосип Бов. Во 1937 година, на нејзиниот врв била поставена ѕвезда. Така, нејзината висина денеска е 61,25 метри, заедно со ѕвездата.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]