Воднолилјановидни

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Воднолилјановидни
Период: 130–0 мг рана креда - денес
Лотос (Nymphaea lotus)
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Ред: Воднолилјановидни
Salisb. ex Bercht. & J.Presl
Фамилии

Cabombaceae (Кабомби)
Hydatellaceae (Хидатели)
Nymphaeaceae (Водни лилјани)

Воднолилјановидните (науч. Nymphaeales) се ред на растенија кој опфаќа три фамилии: водните лилјани и уште две фамилии на водни растенија. Ова е еден од трите реда на базални скриеносеменици во рамките на цветните растенија.

Сите видови се ризомни водни билки со широки листови.

Групата се одликува со барем 10 морфолошки фенотипски особености.[1] Познати се и молекуларни синапоморфии.

Класификациите признаваат 70 вида,[2] но филогенетските испитувања на родот воден лилјан (Nymphaea) укажува на тоа дека групата може да има и над 90 вида.[3] Разликата во набројувањето на видовите се должи на потешкотиите при разграничувањето на видовите во родот водни лилјани.

Фосили[уреди]

Фосилните наоди се состојат претежно од семиња, но има и полен, дршки, листови и цветови. Најраните потекнуваат од периодот креда.[4][5] Се смета дека крунската група на Воднолилјановидните е стара околу 112 милиони години,[6] но некои сметаат дека ова е премногу [7]

Можно е фосилното водно растение Archaefructus да ѝ припаѓа на оваа група.[8]

Класификација[уреди]

Воднолилјановидните опфаќаат три фамилии со 70-90 видови.

ред Воднолилјановидни
Cabombaceae (Кабомби)
Hydatellaceae (Хидатели)
Nymphaeaceae - Водни лилјани
Скриеносеменици

Amborella



Nymphaeales

Hydatellaceae





Cabombaceae



Nymphaeaceae







Austrobaileyales






магнолиди



Chloranthales





монокотиледони




Ceratophyllum



евдикоти









Класификацијата на Воднолилјановидните и нивната филогенија во рамките на цветните растенија се водат по системот APG III (2009).


Наводи[уреди]

  1. Peter F. Stevens. 2001-
  2. The Plant List. 2010
  3. Thomas Borsch, Cornelia Löhne, Mame Samba Mbaye, and John H. Wiersema. 2011. "Towards a complete species tree of Nymphaea: shedding further light on subg. Brachyceras and its relationships to the Australian water-lilies". Telopea 13(1-2): 193-217.
  4. „Nymphaeales: Fossil Record“. University of California Museum of Paleontology. http://www.ucmp.berkeley.edu/anthophyta/paleoherbs/nymphfr.html. 
  5. Else Marie Friis, Kaj Raunsgaard Pedersen and Peter R. Crane (15 март 2001). „Fossil evidence of water lilies (Nymphaeales) in the Early Cretaceous“. „Nature410 (6826): 357–360. doi:10.1038/35066557. PMID 11268209. 
  6. Susana Magallón and Amanda Castillo. 2009. "Angiosperm diversification through time". American Journal of Botany 96(1):349-365. doi:10.3732/ajb.0800060
  7. Charles D. Bell, Douglas E. Soltis, and Pamela S. Soltis. 2010. "The age and diversification of the angiosperms re-revisited". American Journal of Botany 97(8):1296-1303. doi:10.3732/ajb.0900346
  8. Soltis, D. E.; Bell, CD; Kim, S; Soltis, PS (јуни 2008). „The Year in Evolutionary Biology 2008“. „Annals of the New York Academy of Sciences“ 1133 (1): 3–25. doi:10.1196/annals.1438.005. PMID 18559813. http://www.annalsnyas.org/cgi/content/abstract/1133/1/3. 

Извори[уреди]

  • Michael G. Simpson. Plant Systematics. Elsevier Academic Press. 2006.
  • Thomas N. Taylor, Edith L. Taylor, and Michael Krings. 2008. Paleobotany: The Biology and Evolution of Fossil Plants, Second Edition. Academic Press (an imprint of Elsevier): Burlington MA, USA. ISBN:978-0-12-373972-8

Надворешни врски[уреди]