Воден свет
| Воден свет | |
|---|---|
ДВД-издание на македонски јазик | |
| Режисер | Кевин Рејнолдс |
| Продуцент | |
| Сценарист | Питер Рејдер Дејвид Туи |
| Главни улоги | Кевин Костнер Џин Триплхорн Тина Мејџорино Денис Хопер Мајкл Џетер |
| Музика | Џејмс Њутон Хауард |
| Кинематографија | Дин Семлер |
| Монтажа | Питер Бојл |
| Студио |
|
| Дистрибутер | Universal Pictures |
| Премиера | 28 јули 1995 |
| Времетраење | 135 минути |
| Земја | |
| Јазик |
|
| Буџет | 172 — 175 милиони долари |
| Бруто-заработка | 264,2 милиони долари |
Воден свет (англиски: Waterworld) — американски постапокалиптичен акционен филм од 1995 г. во режија на Кевин Рејнолдс и сценарио на Питер Рејдер и Дејвид Туи. Бил заснован на оригиналното сценарио на Рејдер од 1986 г., а во него глуми Кевин Костнер, кој исто така го произвел со Чарлс Гордон, Џон Дејвис и Лоренс Гордон.[1][2] Го распределил Universal Pictures. Во Македонија филмот бил распределен на телевизија, а постои и старо ДВД-издание на македонски јазик.
Местото на филмот е во далечната иднина. Поларните ледени капи целосно се стопиле, а нивото на морето се искачило над 7.600 метри, покривајќи го речиси целото копно. Дејството на филмот се сосредоточува на безимениот антијунак, „Морнарот“, скитник што плови по Земјата во својот тримаран.
Содржина
[уреди | уреди извор]Некаде во иднината, поларните ледени капи се стопиле, а светските океани и мориња го покриле копното. Малку се луѓето и живеат во мали заедници на море или пловат од еден до друг како трговци. Сите луѓе бараат сува земја... нешто што никој не видел.
Улоги
[уреди | уреди извор]| Глумец | Улога |
|---|---|
| Кевин Костнер | Морнарот |
| Денис Хопер | Ѓаконот |
| Џин Триплхорн | Хелен |
| Тина Мејџорино | Енола |
| Мајкл Џетер | Стариот Грегор |
| Џерард Марфи | Нордиецот |
| Џек Блек | пилотот на авионот на Пушачите |
| Шон Вејлен | Боун |
| Ким Коутс | трговецот |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Lambie, Ryan (July 24, 2017). „How Waterworld Became a $175 Million Epic“. Den of Geek.
- ↑ Parish, James (2007). Fiasco: A History of Hollywood's Iconic Flops. United States: Trade Paper Press. стр. 252. ISBN 978-0470098295.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Воден свет“ на Ризницата ? |
- Воден свет на
Семрежната филмска база на податоци (англиски)