Внукот на маѓепсникот

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Внукот на магепсникот)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Внукот на маѓепсникот
TheMagiciansNephew(1stEd).jpg

Внукот на маѓепсникот (англиски: The Magician's Nephew) е фантастичен роман за деца од 1955 напишан од страна на К. С. Луис. Toa е шестата издадена книга од серијалот Хрониките на Нарнија, но според внатрната хронологија на серијалот е прва.

Дејството на романот започнува во раните 1900-ите во Лондон. Двајцата главни ликови, Дигори Кирк и Поли Пламер, се деца кои случајно ќе се најдат во работната соба на вујкото на Дигори, кој со помош на магија ќе ги испрати во друг свет за кој децата подоцна откриваат дека е местото каде што сите светови се спојуваат и дека од таму тие можат да пристапат во сите светови што постојат. Овој роман го раскажува настанувањето на светот Нарнија, влегувањето на злото во тој свет, и за многу други мистерии кои се појавиа во претходните книги од серијалот.

Иако пишувањето на овој роман започнало кратко по Лавот, вештерката и ормарот, К. С. Луис ја пишувал оваа книга приближно шест години, и вметнал многу авто-биографски елементи од својот живот. Оваа книга исто-така истражува неколку христијански теми како каењето, првородниот грев, искушенијата, и редот на природата.