Влијанието на парите и кредитите врз стопанските движења
„Влијанието на парите и кредитите врз стопанските движења: теориска и емпириска анализа“ — книга на македонскиот економист Љубе Трпески, објавена од издавачката куќа „Студентски збор“ во 1983 година. Рецензенти на книгата се Ксенте Богоев и Димитрије Димитријевиќ. Книгата била испечатена со материјална поддршка од Општата самоуправна интересна заедница на научните дејности — Скопје. Авторот му ја посветил книгата на својот починат татко.[1] Книгата, со обем од 307 страници и со димензии од 24 сантиметри, била испечатена во печатницата „Просвета“ во Куманово, во тираж од илјада примероци. Јазичната редакција, техничкото уредување и коректурата ги направил Јован С. Стојановски. Книгата е каталогизирана во НУБ „Климент Охридски“ — Скопје, но без меѓународната ознака ISBN.[2]
Содржина
[уреди | уреди извор]Книгата се состои од три дела:[3]
- Теоретски сфаќања за неутралноста на парите во стопанскиот живот
- Класичните варијанти на квантитативната теорија за влијанието на парите врз стопанските движења
- Кејнсијанската „револуција“ во монетарната теорија
- Реформулирана квантитативна теорија или „контрареволуија“ во монетарната теорија
- „Portfolio Balance“ теоријата за влијанието на парите врз економската активност
- „Wealth Adjustment“ теоријата за влијанието на парите врз стопанскире движења
- Екстремните позиции на „Radcliffe Report“
- Hicks-овата синтеза на класичната и Кејнсовата теорија
- Сфаќањата за т.н. „time lag“ на монетарната политика во одделни теории
- Сфаќања за т.н. трансмисионен механизам на ефектите на парите и кредитите врз стопанските движења во одделни теории
- Квантитативни модели за испитување на ефектите на монетарните агрегати во стопанските движења
II дел
- Марксовата теорија за улогата и значењето на парите
- Некои погледи за улогата и значењето на парите во земјите со административен социјализам
III дел. Влијанието на парите и кредитите врз стопанските движења во Југославија
- Институционални претпоставки за влијанието на парите и кредитите врз стопанските движења во Југославија
- Улогата и значењето на кредитно монетарната политика во стопанскиот систем на Југославија
- Механизамот на монетарно-кредитното регулирање во Југославија во периодот по економската реформа од 1965 година
- Одредување на потребното количество пари и проблемите сврзани со тоа
- Брзината на оптокот на парите и стопанската активност во Југославија
- Ефекти од нерамнотежата меѓу понудата и побарувачката на пари и кредити
- Трансмисиониот механизам на пренесување на ефектите од парите и кредитите врз стопанските движења во Југославија
- Пролегомена за теоретските и квантитативните истражувања за влијанието на парите и кредитите врз стопанските движења во Југославија
- Наши квантитативни истражувања за парите и кредитите врз стопанските движења во Југославија во периодот 1966-1978 година
- Дефинирање на монетарните агрегати
- Дефинирање на агрегатите на домашната потрошувачка и стопанските движења
- Методологија на анализата
- Анализа на добиените резултати
- Основни заклучоци
- Прилог — Оригинални и десезонирани податоци на монетарните и реалните агрегати
- Библиографија
За делото
[уреди | уреди извор]Книгата, всушност, ја претставува скратена и изменета верзија на докторската дисертација која авторот ја одбранил на 31.3.1980 година на Економскиот факултет во Скопје, под менторство на Ксенте Богоев. Централното прашање кое се разработува во неа е влијанието на парите и кредитите врз стопанските движења во Југославија.[4] Во првиот дел од книгата се претставени теоретските сфаќања за влијанието на парите и на кредитите врз стопанските движења. Во вториот дел се разработени Марксовите сфаќања за ова прашање, како и некои погледи за улогата на парите во советската и во полската економска литература. Најпосле, во третиот дел се анализира влијанието на парите и на кредитите врз стопанските движења во Југославија.[5]
Во рецензијата на книгата се истакнува дека таа дава значаен придонес кон југословенската монетарна теорија и пракса. Во теориска смисла, книгата дава одговори на основните прашања за влијанието на парите врз реалните движења, а во практична смисла, таа дава резултати кои се непосредно применливи во монетарната анализа и во монетарното планирање, а особено во формирањето на целите и задачите на монетарно-кредитната политика.[6]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Љупчо Трпески, Влијанието на парите и кредитите врз стопанските движења – теориска и емпириска анализа. Новинско издавачка организација „Студентски збор“, Скопје, 1983, стр. 2-3.
- ↑ Љупчо Трпески, Влијанието на парите и кредитите врз стопанските движења – теориска и емпириска анализа. Новинско издавачка организација „Студентски збор“, Скопје, 1983, стр. 306.
- ↑ Љупчо Трпески, Влијанието на парите и кредитите врз стопанските движења – теориска и емпириска анализа. Новинско издавачка организација „Студентски збор“, Скопје, 1983.
- ↑ Љупчо Трпески, Влијанието на парите и кредитите врз стопанските движења – теориска и емпириска анализа. Новинско издавачка организација „Студентски збор“, Скопје, 1983, стр. 7.
- ↑ Љупчо Трпески, Влијанието на парите и кредитите врз стопанските движења – теориска и емпириска анализа. Новинско издавачка организација „Студентски збор“, Скопје, 1983, стр. 10.
- ↑ Љупчо Трпески, Влијанието на парите и кредитите врз стопанските движења – теориска и емпириска анализа. Новинско издавачка организација „Студентски збор“, Скопје, 1983.