Влечење јаже на Летните олимписки игри

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Влечење јаже на Летните олимписки игри
Tug of war pictogram.svg
Раководен орган TWIF
Дисциплини 1 (мажи)
Игри
1896 1900 1904 1908 1912 1920
1924 1928 1932 1936 1948 1952
1956 1960 1964 1968 1972 1976
1980 1984 1988 1992 1996 2000
2004 2008 2012 2016
Освојувачи на медали
Натпревар во влечење јаже на Летните олимписки игри 1904

Влечењето јаже како спорт на Летните олимписки игри се одржувало на сите Олимпијади во периодот од 1900 до 1920 година. Првично на натпреварувањето учествувале групи наречени клубови. Една земја можела да учествува со повеќе од една екипа, со што можела да освои повеќе медали. Тоа се случило на игрите во 1904, кога екипите на САД ги освоиле сите три медали, и на игрите во 1908 кога на подиумот славеле три британски екипи. Шведска била една од државите со освоени два олимписки медали, еден како член на мешовитата екипа на игрите во 1900 година.

Додека било дел од олимписката програма, влечењето јаже се сметало дека е дел од олимписката атлетска програма, иако спортовите влечење јаже и атлетика денес се сметаат за одделни.[1]

Табела на медали[уреди | уреди извор]

Место Земја Злато Сребро Бронза Вкупно
1  Велика Британија (GBR) 2 2 1 5
2  САД (USA) 1 1 1 3
3  Шведска (SWE) 1 0 0 1
 Мешовита екипа (ZZX) 1 0 0 1
5  Франција (FRA) 0 1 0 1
 Холандија (NED) 0 1 0 1
7  Белгија (BEL) 0 0 1 1
Вкупно 5 5 3 13

Земји учеснички[уреди | уреди извор]

Екипите се состоеле од шест членови на игрите во 1900 (Данска и Шведска се натпреварувале заедно), пет членови на игрите во 1904, и од осум членови на последните три олимписки изданија.

Земја 00 04 08 12 20 Години
Белгија 8 1
Данска 3 1
Франција 6 1
Велика Британија 24 8 8 3
Грција 5 1
Италија 8 1
Холандија 8 1
ЈАР 5 1
Шведска 3 8 8 3
САД 20 8 8 3
Број на земји 3 3 3 2 5 10
Број на натпреварувачи 12 30 40 16 40 128

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Past Olympic Sports. Olympics/IOC. Retrieved on 2010-08-30.