Владо Манчевски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Владо Манчевски (1962) — македонски музичар, писател и уметник.

Творештво[уреди | уреди извор]

Како музичар, Манчевски е основач на ансамблите „Господа Тенекиеви“, „Ла колони волвокс“, „Лост дегенерос“ и „Волтер Мани Ал Хаким“ кое истовремено е неговото алтер его, со два објавени музички албума: „Света вода“ и „Брсјачки сказни“.[1]

Тој објавил кратки раскази во списанијата „Маргина“, „Арт Република“, „Зрак“ итн. Тој е автор на следниве книги: „Дрогераш“ (1993, заедно со А. Станковски), „Космичка лжа“ (2003) и „Американски раскази“ (2017). Три негови кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 359.
  2. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 147-153 и 359.