Владо Додовски
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Добитник е на наградата „4 Ноември“ на Општина Битола. Бил новинар, театарски критичар и писател. Роден 1938 во Ѓавато. Основно образование и гимназија завршил во Битола, а Филозофски факултет во Скопје, По завршувањето на студиите кратко време бил јазичен уредник во весникот „Вечер“. Почнувајќи од 1966 година, најголемиот дел од работниот век го минал во „Битолски весник“. Две години бил директор на Народниот театар во Битола за потоа пак да се врати во „Битолски весник“, на новинарството како негова најголема преокупација. Секогаш мирен, педантен, достоинствен, подготвен да ја дофати вистината и да ја забележи на новинарските страници, Во текот на повеќе од три децении Владо Додовски се пројавил со театарската критика и хроника од работата на Народниот театар во Битола. Избор од неговите театарски критики се објавени во книгата „Театарски времеплов“ (1994, Битола). Автор е на повеста за деца „Децата и војната“ (1972, Битола) и на други раскази за деца, на романите „Долг“ (1995) и „Сведоци“ (1999), посмртно. Toj има објавувани и забележителен број на раскази за деца, на повеќе книжевни преводи, преводи на драмски дела, прикажани на сцената на Народниот театар - Битола. Починал во 1999 година во Битола.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]| Оваа статија поврзана со Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |