Владо Гичев

Од Википедија — слободната енциклопедија

Проф. д-р Владо Гичев е редовен професор и поранешен декан на Факултетот за информатика при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип[1]. Факултетски студии завршил на Градежен факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ - Скопје во 1988 година. Својот академски живот го продолжил на Машински факултет при истиот Универзитет, каде што во 1996 година ги завршил магистерските студии. Докторски студии завршил во периодот од 2000 г. до 2005 г. на Univ. of Southern California, Los Angeles CA, Civil Engineering[2].
Работното искуство го започнал во 1988 г. како компјутерски програмер во Трговско претпријатие „Tуртел” во Штип. Во 1993 година се вработил на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” - Скопје, Рударско-геолошки факултет во Штип како асистент, а од 2000 г. до 2005 г. работи како асистент во истражување и настава на Univеr. of Southern California, Civil Eng. Dept., Los Angeles CA. Своето работно искуство го продолжил како доцент и раководител на Катедрата за механика и рудничка механизација на Факултетот за рударство, геологија и политехника[3] на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, а денес е декан на Факултетот за информатика при Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип.

Интерес во науката на проф. д-р Владо Гичев:

  • Линеарни и нелинеарна интеракција почва-флексибилен темел-објект;
  • Вештачки (транспарентни) нумерички граници;
  • Нелинеарно ширење на бранови во ограничени и неограничени средини;
  • Напредни нумерички методи за интегрирање на обични и парцијални диференцијални равенки;
  • Механика на цврсти деформабилни тела;
  • Диференцијални поместувања на столбови на објекти;
  • Структурна динамика.

Наставна област

Проф. д-р Владо Гичев е професор[4] на повеќе предмети на Факултет за информатика, поврзани со неговиот интерес во науката: Нумерички методи, Основи на програмирање (Структурно програмирање), Сметачки алатки во инженерството, Објектно-ориентирано програмирање[5], како и на Факултетот за рударство, геологија и политехника: Техничка механика, Јакост на материјали, Градежништво во рударството[6].

Членува во професионалните асоцијации: Интернационална работна група за ротациона сеизмологија и Македонско друштво за применета механика.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Официјално мрежно место на Факултет за информатика - „За факултетот". Архивирано од изворникот на 2013-04-01. Посетено на 2013-07-09.
  2. Официјално мрежно место на проф. д-р Владо Гичев - „Информации“
  3. „Официјално мрежно место на Факултет за природни и технички науки - „Катедри". Архивирано од изворникот на 2013-06-30. Посетено на 2013-07-09.
  4. „Официјално мрежно место на Факултет за информатика - „Наставници". Архивирано од изворникот на 2013-07-10. Посетено на 2013-07-09.
  5. „Студиски и предметни програми за прв циклус на студии на Факултет за информатика“. Архивирано од изворникот на 2013-07-13. Посетено на 2013-07-09.
  6. „Студиски и предметни програми за прв циклус на студии на ФПТН“. Архивирано од изворникот на 2013-03-30. Посетено на 2013-07-09.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]