Владлена Бобровникова

Од Википедија — слободната енциклопедија
Владлена Бобровникова
Лични податоци
Роден(а) 24 октомври 1987(1987-10-24)(36 г.)
Краснодар, Русија
Националност Русија Русија
Спорт Ракомет
Висина &100000000000001800000001,80 м
Позиција лев бек
Клупски податоци
Тековен клуб Ростов-Дон Ростов-Дон
Број 17
Сениорски клубови
2004-2009
2009-2010
2010-2011
2011-2012
2012-
Кубањ Краснодар Кубањ Краснодар
Кикинда Кикинда
Сасари Сасари
Терамо Терамо
Ростов-Дон Ростов-Дон
Репрезентација
2014– Русија Русија 51 (117)

Владлена Едуардовна Бобровникова (родена на 24 октомври 1987) — руска ракометарка која игра на позицијата лев бек за Ростов-Дон и за руската репрезентација.[1][2]

Кариера[уреди | уреди извор]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Бобровникова започнала да се занимава со ракомет на 11 години,[3] а овој спорт го избрала благодарение на баба и. Својата кариера ја започнала во екипата на Кубањ Краснодар, за која го направила своето деби во натпревар од руското првенство против екипата на Университет Ижевск.[4] Со Кубањ стигнала до четвртфиналето на Купот на ЕХФ во сезоната 2008-2009. Во 2009 година, таа ја напуштила Русија и заминала во странство: најпрво играјќи во српската Кикинда, а потоа во јануари 2010 година се преселила во италијанското првенство во екипата на Сасари, со која го освоила Купот на Италија во 2010 и 2011 година.[5][6] Во октомври 2011 година се преселила во Терамо (поради спонзорски причини клубот бил познат и како Лидеркуп) со кого го освоила италијанското првенство во сезоната 2011-2012.[7][8]

Во 2012 година, Владлена се вратила во Русија и до денес настапува за екипата на Ростов-Дон; со нив двапати стигнала до полуфиналето на Купот на победниците на куповите во 2012-2013 и 2013-2014. Во сезоната 2014-2015, за првпат во својата кариера го освоила руското првенство. Подоцна со клубот освоила уште три шампионски титули на Русија: во сезоните 2016-2017, 2017-2018 и 2018-2019. Во сезоната 2016-2017, била во составот на Ростов-Дон кој го освоил Купот на ЕХФ со победа над Витигхајм во финалето. Исто така играла во финалето на Лигата на шампионите во сезоната 2018-2019 и постигнала еден гол во поразот од Ѓер со 25-24.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Владлена учествувала на Европското првенство 2014 година, каде одиграла четири натпревари (руската репрезентација тогаш го освоила само 14-тото место)[9]. Исто така добила повик и за Светското првенство 2015 во Данска,[10], каде во првиот натпревар против бранителот на титулата Норвешка постигнала два гола (Русија победила со 26-25).[11] Следната година настапила на Олимписките игри 2016 во Рио де Жанеиро, каде Русија го освоила златниот медал, а Бобровникова била една од најважните ракометарки на репрезентацијата.

Титули[уреди | уреди извор]

Клупски[уреди | уреди извор]

Италија Сасари[уреди | уреди извор]
Италија Терамо[уреди | уреди извор]
Русија Ростов-Дон[уреди | уреди извор]

Репрезентација[уреди | уреди извор]

Русија Русија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Profile“. eurohandball.com. Архивирано од изворникот на 2019-12-11. Посетено на 7 December 2014.
  2. „2014 European Championship Roster“ (PDF). EHF. Посетено на 7 December 2014.
  3. Гандболистка «Ростов-Дона» Влада Бобровникова вышла замуж за итальянца (руски)
  4. Профиль на сайте клуба «Ростов-Дон» Архивирано на 17 август 2016 г. (руски)
  5. Sassari, ingaggiata la russa Vladlena Bobrovnikova
  6. Titelträger Italien (Frauen)
  7. A1 Femminile: a Teramo arriva Vladlena Bobovrinokova
  8. Teramo Campione d'Italia di Pallamano femminile. Batte Salerno 31 a 29
  9. eurohandball.com: Wladlena Bobrownikowa
  10. Трефилов назвал состав женской сборной России на чемпионат мира
  11. Чемпионат мира (жен). Россия выиграла у Норвегии и другие матчи}

Надворешни врски[уреди | уреди извор]