Владислав Илиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Влад Илиќ
Роден Владислав Илиќ
Куманово
Националност Македонец
Занимање актер и стенд ап комичар

Владислав Илиќ (роден во Куманово, Република Македонија) е македонски актер и стенд ап комичар.

Биографија[уреди | уреди извор]

Во родното Куманово работел како актер – аматер, а со стенд-ап комедијата се среќава во Малта каде се преселил подоцна во животот.

Во 2017 се сели во Лондон каде почнува да работи посериозно во полето на стендап- комедијата.

Пред да ја освои првата награда тој настапувал и по четири пати неделно во англиските клубови.

Награди[уреди | уреди извор]

Досега има освои повеќе важни награди – „Кинг оф д гонг“ во светски познатиот клуб „Комеди стор“, трипати е победник на натпреварот „Уан ту вач“ во најстариот клуб во Лондон „Ап ту крик“, победник е и на натпреварот „Гет ап – стенд ап“ каде ја доби наградата “Комичар на годината“ во Пикадили Комеди Клуб, кој е еден од најтешките натпревари со повеќе од 700 учесници, а меѓу другите ја освои и наградата „Макс Турнер прајз“.

По две години настапување, Владислав или Влад како што е попознат таму, доби шанса да настапува пред жири од талент агенти и потпиша три годишен договор со добро познатата „Блу Бук Артист Менаџмент“агенција.

Во Октомври месец 2020г. го имаше и својот прв настап на ББС1 ТВ. Настапот е дел од серијата “Stand Up For Live Comedy“ – проект на ББС 3 – кој ги бара најновите неоткриени таленти и им дава шанса да настапат на нивната платформа.