Владина комисија во Зигмаринген

Од Википедија — слободната енциклопедија
Зигмарингенскиот замок, гледан од југ

Француската владина комисија за одбрана на националните интереси (франц: Commission gouvernementale française pour la défense des intérêts nationalaux, Зигмарингенска енклава, Владина комисија во Зигмаринген или, едноставно, Француска делегација (6 септември 1944 - 22 април 1945 година)) била влада во егзил на пронацистичката Вишиевска Франција, чии претставници побегнале во Германија за време на ослободувањето на Франција кон крајот на Втората светска војна, за да не бидат заробени од сојузничките сили. Во Зигмарингенскиот замок кој бил седиште на владата во егзил, биле сместени водачот на Вишивска Франција, Филип Петен и многу други негови соработници.