Прејди на содржината

Владимир Панков

Од Википедија — слободната енциклопедија
Владимир Панков
Роден Владимир Паунковски
1954
Охрид, СР Македонија, Југославија
Починал 5 јануари 2019
Охрид, Македонија
Занимање дипломиран економист

Владимир Панков — претседател на здружението Радко во Македонија.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Панков е роден како Владимир Паунковски во Охрид, Македонија. По образование е економист. По распадот на СФР Југославија во 1993 година се обидува да создаде во Република Македонија организација на Бугарите , под името ВМРО, но уставот не е регистриран во судот.[1] На 30 јули 1996 година станува бугарски граѓанин. Потоа го менува презимето во Панков. Во ноември 1996 година, органите на власта во Македонија му го одземаат бугарскиот пасош[се бара извор]. По неколку притворања, штрајк со глад и интервенцијата на бугарските органи на власта, пасошот му е вратен. Една година престојува во Бугарија, подоцна во 1998 година се враќа во Македонија.[2]

Во 2000 година станува претседател на Здружение Радко, кое во 2001 година е прогласено за противоуставно. Во јануари 2008 година, „Радко“ го добива делото во Судот за правата на човекот во Стразбур против Република Македонија.[3][4][5]

Панков е автор на книгата „Историската вистина за културниот идентитет на словенското население во Република Македонија“ (бугарски: „Историческата истина за културната идентичност на славянското население в Република Македония“), издадена во 2004 година.[6]

Панков умрел на 5 јануари 2019 година.[7]

  1. „„Търсенето на истината минава през болка и предизвикателства", интервю на Панков за вестник „Македония", брой 28, 15 юли 1998 г.“. Архивирано од изворникот на 2009-10-26. Посетено на 2009-10-26.
  2. „Обществото в България не е готово за по-голямо сближаване с Р Македония“, интервю на Панков за вестник „Македония“, брой 47, 23 декември 1997 г.
  3. Телевизија А1, Македонија го загуби спорот со бугарофилите од „РАДКО“, 15. 01. 2009.
  4. Утрински весник, „Македонија го загуби спорот со „Радко“ во Стразбур“ Архивирано на 18 јануари 2012 г., број 2888, петок, 16 јануари 2009.
  5. Сайт на Европейския съд за правата на човека, присъда по делото CASE OF ASSOCIATION OF CITIZENS RADKO & PAUNKOVSKI v. THE FORMER YUGOSLAV REPUBLIC OF MACEDONIA (Application no. 74651/01) од 15 јануари 2009.
  6. „Македонска Трибуна“. Архивирано од изворникот на 2008-11-21. Посетено на 2009-08-15.
  7. Почина големият родолюбец от Охрид Владимир Панков