Владимир Милчинов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Владимир Милчинов
Роден 1879
Прилеп
Починал 1939
Софија
Националност Македонец
Занимање глумец
Татко Христо Милчинов
Роднини Илија Милчин

Владимир Милчин(ов) (роден во 1879 во Прилеп - починал во 1939 во Софија) — македонски револуционер, глумец и учесник во македонското револуционерно движење и деец на Македонскиот комитет.

Животопис[уреди | уреди извор]

Роден во Прилеп со татко револуционерот Христо Милчинов. Во 1900 година во Славјанска Беседа, Софија во праизведбата на Македонска крвава свадба ја играл улогата на Осман бег. Тогашните критичари најдобрите зборови ги напишале за Милчин. На гостувањата на претставата во некои помали места, низ Бугарија, као Пловдив, Милчинов толку бил убедлив, во улогата на Осман бег што публиката фрлала по него со столови и му правеле разни инциденти затоа што тој ја грабнал Цвета.

Во Горноџумајското востание е четник во четата на ген. Иван Цончев, а во текот на 1903 година е притворен во затворот во Битола како агент на Македонскиот комитет во Албанија [1]. Умира во Софија, 1939 година [2].

Негови потомци се Илија Милчин и Владимир Милчин [3].

Извори[уреди | уреди извор]