Владимир Георгиев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Владимир Георгиев
Роден 1928
Скопје
Починал 16 април 1945
Врпоље, Хрватска

Владимир Миланов Георгиев ( 1928 во Скопје16 април 1945 во Врпоље,Хрватска)— македонски партизан, учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Произлегува од градско сиромашно семејство. Образованието го прекинал поради окупацијата на земјата. Како младинец на седумнаесетгодишна возраст стапил во редовите на 16та македонска ударна бригада, со која заминал да се бори за конечното ослободување на Македонија. Се покажал како доста примерен и сите поставени задачи секогаш ги извршувал успешно. Поради тоа бил почитуван и сакан не само меѓу соборците, туку и меѓу старешините. Бргу ја совладал техниката за употреба на новото руско оружје. За посветеноста на ослободителното дело и пројавените резултати во извршувањето на поставените задачи, на 1 февруари 1945, година бил примен за член на Комунистичката партија на Југославија.

Учествувал во сите борби на Бригадата на Сремскиот фронт. Храбро загинал во крвавата борба кај Врпоље, Хрватска на 16 април 1945 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 43–44. На |first= му недостасува |last= (help)