Владимир Гаќиновиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Владимир Гаќиновиќ
Роден(а)Владимир Гаћиновић
25 мај 1890(1890-05-25)
Качањ, Босна и Херцеговина, Австро-Унгарија
Починал(а)11 август 1917(1917-08-11) (воз. 27 г.)
Фрајбург, Швајцарија
Познат(а) поОсновач на Млада Босна

Владимир Гаќиновиќ бил српски писател и револуционер, основач на движењето Млада Босна и револуционарен водач. Бил роден во Качањ кај Билеќа на 25 мај 1890 година, а починал на 11 август 1917 година во Фрајбург, Швајцарија.

Биографија[уреди | уреди извор]

Роден бил во свештеничко семејство што му овозможило добро образование. Се школувал во Мостар, Белград, Виена и Лозана. Бил активист на следните организации: Млада Босна, Црна рака, Народна одбрана и други српски национални организации што се бореле за слобода и обединување на српскиот народ. Бил голем почитувач на идеите на Петар Кочиќ и на словенскиот занес на чешкиот политичар Томаш Масарик.Живеел во Швајцарија во 1911 година, и таму се сретнал со политичките имигранти, меѓу кои и со Лав Троцки, поради што започнал да ја застапува идејата за индивидуална акција.

Бил учесник, како доброволец во Прва балканска војна, а во Првата светска војна, поради неможноста да се врати во татковината поради Сараевскиот атентат, се борел на страната на француската морнарица, а потоа заминал во Америка за да се придружи на доброволците што се бореле на страна на Србија. Бил отруен со арсен во 1917 година во Фрајбург, во организирана акција на австриската, француската и, се претпоставува, на српската полиција, како припадник на политичката фракција на Драгутин Димитријевиќ Апис против кого бил започнат Солунскиот процес.

Активно соработувал со списанијата: Српска ријеч, Народ и Отаџбина, во Виена објавил свое дело (брошура) „Смртта на еден херој “ посветена на Богдан Жерајиќ кој извршил атентат врз австро-унгарскиот поглавар во БиХ Маријан Варешанин.

Наводи[уреди | уреди извор]