Владимир Батагељ
Изглед
| Владимир Батагељ Vladimir Batagelj | |
|---|---|
| Роден(а) | 14 јуни 1948 |
| Националност | Словенечко |
| Полиња | Математика |
| Установи | Универзитет во Љубљана |
| Образование | |
| Теза | „Induktivni razredi grafov (Индуктивни класи графови)“ (1986) |
| Докторски ментор | Томаж Писански |
| Докторанди | Јернеј Бодлај Матевж Брен Кристијан Брезник Моника Цериншек Наташа Кејжар Селена Прапротник Матјаж Завершник |
| Страница | |
| http://vlado.fmf.uni-lj.si | |
Владимир „Владо“ Батагељ (Идрија, 14 јуни 1948 ) — словенечки математичар и компјутерски програмер.[1]
Батагељ докторирал по теорија на графови во 1986 година на Универзитетот во Љубљана под менторство на Томаж Писански. Како редовен професор, тој предавал на Факултетот за математика и физика во Љубљана и Факултетот за компјутерство и информатика во Љубљана.
Се занимава со анализа на податоци и дискретна математика.
По пензионирањето е назначен за почесен професор на Универзитетот во Љубљана (2015).
Во 2020 година, станал почесен член на Друштво на математичарите, физичарите и астрономите на Словенија.
Во 2011 година ја добил Наградата за животно дело „Доналд Мичи и Алан Тјуринг“.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Batagelj, Vladimir“. Slovenska biografija (in Slovenian). Посетено на September 26, 2019.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Владимир Батагељ - Владо - лично семрежно место