Влада на Македонија од јуни 2004

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Владата на Македонија од јуни 2004 година е втора коалициска влада на СДСМ, ЛДП и ДУИ по парламентарните избори 2002. Нејзин претседател е Хари Костов, дотогашниот министер за внатрешни работи. Новата влада е избрана поради тоа што претседателот на претходната влада, Бранко Црвенковски на предвремените претседателски избори во 2004 година е избран за претседател на Република Македонија. Владата на Хари Костов е избрана на 2 јуни 2004 и ја врши функцијата до 17 декември истата година.

Состав на владата[уреди | уреди извор]

Составот на Владата од јуни 2004 е следниот:[1]

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Службен весник на РМ, 35/04