Вкусот на солта

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Вкусот на солта“ (српски: Укус соли) — расказ на српскиот писател Милорад Павиќ. Првобитно, расказот е објавен во 1979 година, како дел од збирката „Руски 'рт“.

Содржина[уреди | уреди извор]

Поштенскиот службеник од Белград, Недељко Михаиловиќ, има навика да собира лажици од кафеаните. Истовремено, тој постојано си свири една мелодија, а еднаш нејзините тонови ги претвора во броеви, а нив во букви и така успева да ја дешифрира мелодијата, добивајќи го името Небојша Митриќ. Еднаш, додека јаде во кафеаната, тој добива идеја и од стопени лажици прави медал со ликот на непознат човек на едната страна и со иницијалите Н. М. на другата страна. Подоцна, Недељко здогледува погребна поворка како минува пред неговата куќа, а во поворката се наоѓа и неговиот внук, детето Алекса. Недељко поскаува да му го даде медалот на Алекса, но детето заминува, а еден постар човек од поворката не сака да го земе медалот. Во меѓувреме, Алекса преспал кај дедо си, а кога утредента заминал на училиште, дознал дека дедо му умрел. Кога поворката минувала крај куќата на Недељко, Алекса го видел дедо си на прозорецот. Оттогаш минале многу години и Алекса станал возрасен човек. Во една прилика, минувајќи крај некогашната куќа на дедо си, тој здогледува непознат човек на прозорецот кој му нуди некаков медал, но Алекса одбива да го земе.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Milorad Pavić, Ruski hrt i nove priče. Beograd: Književne novine, 1986, стр. 76-81.