Вкочанет од страв
Изглед
„Вкочанет од страв“ (англиски: Scared Stiff) – филм на режисерот Џорџ Маршал од 1953 година. Главните улоги ги играат: Дин Мартин, Џери Луис и Лизабет Скот.[1]
Синопсис
[уреди | уреди извор]Лари Тод е пејач во ноќен клуб. Тој ја раскинува врската со преубавата девојка за која подоцна сфаќа дека таа му е девојка на еден опасен и љубоморен гангстер. Додека бега од него, Лари помислува дека убил еден гангстер, а наследничката Мери Керол му помага да побегне од полицијата тако што него и неговиот соработник Мајрон тајно ги пренесува на Куба. Мери е наследничка на проколнат дворец на еден пуст остров и наспроти предупредувањата и заканите, одлучува да го преземе имотот. Таму, тие тројца заедно бараат скриено богатство и се среќаваат со дух, со зомби и со таинствен убиец.
Наводи
[уреди | уреди извор]Категории:
- Американски филмови
- Филмови на англиски јазик
- Филмови од 1953 година
- Филмски комедии
- Црно-бели филмови
- Филмови на Џорџ Маршал
- Филмови со Дин Мартин
- Филмови со Џери Луис
- Филмови со Лизабет Скот
- Филмови на Paramount Pictures
- Филмови чие дејствие се одвива во Куба
- Филмови чие дејствие се одвива во Њујорк
- Филмови засновани на драми