Виљуј
Виљуј | |
---|---|
![]() Слапови на Виљуј во средна Јакутија | |
![]() Карта на сливот | |
Изворно име | Вилюй / Бүлүү |
Местоположба | |
Земја | ![]() |
Физички особености | |
Извор | |
• место | Средносибирска Висорамнина |
Устие | |
• место | Лена |
Должина | 2.650 км |
Големина на сливот | 454.000 км2 |
Проток | |
• просечен | 1.468 м3/с |
Особености на сливот |
Виљуј (руски: Вилюй; јакутски: Бүлүү) — река на Средносибирската Висорамнина, најдолга притока на Лена. Долга е 2.650 км и тече претежно низ Јакутија, со помал дел во Краснојарскиот крај. Сливот се протега на површина од 454.000 км2. Просечниот истек во устието изнесува 1461 м3/с.[1][1][2][3]
Течение
[уреди | уреди извор]Извира во Евенкија и протекува на исток, набргу навлегувајќи во Јакутија. Потоа свртува на југ и југоисток, а потоа на исток, па се влева во Лена кај Сангар, околу 350 км низводно од градот Јакутск. На запад од Виљуј и Чона се простира сливот на Долна Тунгуска Река.
Притоки
[уреди | уреди извор]Поважни притоки на реката Виљуј се следниве:
- Десни
- Улахан Вава
- Чиркуо
- Чона
- Чибида
- Улахан Ботуобуја
- Очугуј Ботуобуја
- Бапагај
- Леви
- Ахтаранда
- Игијата
- Марха
- Тјукјан
- Тјунг
Населени места
[уреди | уреди извор]Сливното подрачје на Виљуј е мошне слабо населено. Во поречието се среќаваат малите населени места Виљујск, Верхневиљујск, Сунтар и Њурба.
Историја
[уреди | уреди извор]Реката за првпат се споменува во XVII век во врска со освојувањето на Сибир. Во 1634 г. Козаците под водство на Шахов изградиле зимска населба во спојот на реките Виљуј и Ткукјан. Оваа населба служела како управно седиште на подрачјето неколку децении, по што е преместена 45 км низводно по Виљуј, каде во 1773 г. е основана утврдената населба Оленск (денешен Виљујск).
Во 1950-тите во околината на реката се откриени лежишта на дијаманти, на далечина од 700 км од устието. Ова довело до создавањето на рударскиот коп „Мир“, заедно со пристапни патишта и аеродром, како и редица брани за напојување на рудничките погони.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Vilyuy at Khatyryk-Khomo Архивирано на 25 ноември 2009 г., УНЕСКО: Водни ресурси
- ↑ Се чини дека, на страницата на Ленгидропроект — «Гидроузлы на р. Вилюй» Архивирано на 18 февруари 2020 г. — се изведува нешто повисок истек.
- ↑ Виљуј кај Сунтар Архивирано на 24 ноември 2009 г., УНЕСКО: Водни ресурси
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]![]() |
„Виљуј“ на Ризницата ? |
- Виљуј — Енциклопедија Британика
- А. Гаврилов, Виљуј Архивирано на 26 октомври 2014 г., Голема руска енциклопедија, 2001 г. (руски)