Вијана

Од Википедија — слободната енциклопедија
Градската куќа на Вијана

Вијана (шпан. Viana) — гратче и општина во покраината Навара во северна Шпанија. Местото е основано во 1219 г. од наварскиот крал Санчо VII. Денес населението брои 4.018 жители.[1]

Во Вијана е погребан италијанскиот војсководец и државник Чезаре Борџија (1475/76-1507). Градот е родно место на отецот Франциско Гонзалез де Ибара, мисионер во јужна Калифорнија во периодот помеѓу 1820 и 1840.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 42°30′N 2°20′W / 42.500° СГШ; 2.333° ЗГД / 42.500; -2.333