Вијадукт
Вијадуктот Леј Милтон од 1812 година во Ершир – најстариот зачуван железнички мост во Шкотска | |
| Поврзано | Аквадукт |
|---|---|
| Наследници | Нема |
| Носи | Автопатишта, патишта, улици, пруги |
| Расчекор | Краток (повеќекратен) |
| Маеријал | армиран бетон, преднапрегнат бетон, ѕидан |
| Подвижен | Не |
| Висина | Среден |
| Треба оплата | достапни за работа, бидејќи вијадуктите се составени од ниски мостови. |
Вијадукт[1][2] — посебен вид мост кој се состои од низа лакови и столбови на кои е поставена долга издигната железничка пруга или пат. Вообичаено, вијадуктот поврзува две точки со приближно еднаква надморска височина, овозможувајќи непосреден премин преку широка долина, пат, река или други нископоставени особености и пречки на теренот.[3][4] Поимот вијадукт е изведен од латинскиот збор via што значи „пат“ и ducere што значи „да се води“. Зборот е воведен во 19 век по аналогија со староримските аквадукти.[3] Како и римските аквадукти, многу рани вијадукти се состоеле од низа лакови со приближно еднаква должина.
Над копно
[уреди | уреди извор]
Најдолгиот вијадукт во стариот век веројатно бил Пон Серм, кој минувал низ широки мочуришта во Јужна Франција.[5] На својата најдолга точка, тој бил долг 2.679 метри со ширина од 22 метри.
Вијадуктите најчесто се користат во градови кои се железнички средишта, како што се Чикаго, Бирмингем, Лондон и Манчестер. Овие вијадукти ги преминуваат големите железнички дворови кои се потребни за товарни возови таму, а исто така ги преминуваат и повеќеколосечните железнички линии кои се потребни за густ железнички сообраќај. Овие вијадукти обезбедуваат одвојување на нивоата и спречуваат сообраќајот на автопатите и градските улици постојано да биде прекинат од железничкиот сообраќај. Слично на тоа, некои вијадукти пренесуваат железнички пруги преку големи долини или пренесуваат железнички пруги преку градови со многу раскрсници и авении.

Многу вијадукти преку копно поврзуваат точки со слична висина во пејзажот, обично со премостување на речна долина или друг еродиран отвор во инаку рамна површина. Честопати ваквите долини имале патишта што се спуштале од двете страни (со мал мост преку реката, каде што е потребно) кои станувале несоодветни за сообраќајното оптоварување, што барало вијадукт за „поминувачки“ сообраќај. Ваквите мостови се погодни за употреба и од страна на железничкиот сообраќај, што бара поправи и порамни патишта. Некои вијадукти имаат повеќе од едно ниво, така што на едно ниво има сообраќај на возила, а другото ниво носи железнички сообраќај. Други биле изградени за да се протегаат низ населени области, преминувајќи преку патишта под нив.
Над вода
[уреди | уреди извор]
Вијадуктите над вода користат острови или последователни лакови. Тие често се комбинираат со други видови мостови или тунели за преминување преку пловни води како делови од вијадукти, иако се поевтини за дизајнирање и изградба од тунелите или мостовите со поголеми распони, обично немаат доволен хоризонтален и вертикален простор за големи бродови.
Вијадуктот Мијо е мост со кабелски столбови кој се протега низ долината на реката Тарн во близина на Мијо во Јужна Франција. Отворен е во 2004 година и е највисокиот мост за возила во светот, со еден врв на столбот од 343 метри. Вијадуктот Данјанг-Куншан, Големиот мост во Кина, бил најдолгиот мост во светот од 2011 година.
Користење на земјиштето под вијадуктите
[уреди | уреди извор]
Кога се гради вијадукт преку копно, а не преку вода, просторот под сводовите може да се користи за деловни цели како што се паркиралишта за автомобили, поправка на возила, лесна индустрија, барови и ноќни клубови. Во Обединетото Кралство, многу железнички линии во урбаните средини се изградени на вијадукти, па затоа сопственикот на инфраструктурата, Нетворк рејл (Network Rail), има богато портфолио на недвижности во сводовите под вијадуктите.[6] Во Берлин, просторот под сводовите на подигнатите линии на метрото (S-Bahn) се користи за неколку различни намени, вклучувајќи мали ресторани или барови.
Минато и иднина
[уреди | уреди извор]Во поголемите градови како што се Бостон (Централна артерија), Лос Анџелес, [[Сан Франциско, Сеул, Токио и Торонто (Гардинер автопат) биле изградени надземни патишта со воздушен појас.[7] Некои биле срушени бидејќи не биле привлечни и го делеле градот. Во други случаи, вијадуктите биле срушени бидејќи биле структурно небезбедни, како што е автопатот Ембаркадеро во Сан Франциско, кој бил оштетен од земјотрес во 1989 година. Сепак, во земјите во развој како што се Тајланд (автопатот Банг На, најдолгиот патен мост во светот), Индија (автопатот Делхи-Гургон), Кина, Бангладеш, Пакистан и Никарагва, изградени се надземни автопати, а уште се во изградба за да се подобри протокот на сообраќај, особено како решение за недостиг на земјиште кога се гради врз површински патишта.
За некои вијадукти се пронајдени и други намени. Во Париз, Франција, пренаменет железнички вијадукт обезбедува за занаетчиите градинарска променада горе и работен простор долу. Градинарската променада се нарекува Куле верт Рене-Димон, додека работните простори во лаковите подолу се Вијадук дез ар. Проектот бил инаугуриран во 1993 година. Хај лајн на Менхетен, инаугурирана во 2009 година, исто така користи крената железничка линија како линеарен урбан парк.
Во Индонезија, вијадуктите се користат за железници на Јава, а исто така и за автопати како што е Внатрешниот кружен пат на Џакарта. Во јануари 2019 година, вијадуктот „Алјаски пат“ во Сиетл бил затворен и заменет со тунел по неколку десетлетија употреба, бидејќи бил сеизмички небезбеден.[8]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „вијадукт“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „вијадукт“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- 1 2 „viaduct – Definition of viaduct in English by Oxford English Dictionary“. OED. Посетено на 21 September 2020.
- ↑ „Definition of VIADUCT“. www.merriam-webster.com. Посетено на 27 март 2018.
- ↑ Colin O’Connor: Roman Bridges, Cambridge University Press 1993, ISBN 0-521-39326-4, p. 99
- ↑ „Light Industrial Units To Let/Rent | Small Industrial Space“. Архивирано од изворникот на 2012-05-17.
- ↑ „Toronto built, then demolished an expressway“ (PDF). tac-atc.ca. Архивирано од изворникот (PDF) на 6 јули 2011. Посетено на 27 март 2018.
- ↑ „Alaskan Way Viaduct Replacement Program“. Washington State Department of Transportation. History & background. Посетено на 26 јули 2024.