Вишиевска Франција
| Француска Држава | ||||||
| État Français | ||||||
| Марионетска држава на Нацистичка Германија | ||||||
| ||||||
| ||||||
| Гесло "Travail, famille, patrie" француски: Работа, семејство, татковина | ||||||
Неокупираната зона на Вишиевска Франција (ноември 1942)
| ||||||
| Главен град | Виши | |||||
| Јазици | Француски | |||||
| Вероисповед | Римокатоличка | |||||
| Државно уредување | Марионетска држава на Нацистичка Германија | |||||
| Претседател | ||||||
| - | 1940 — 1944 | Филип Петен | ||||
| Премиер | ||||||
| - | 1940 — 1942 | Филип Петен | ||||
| - | 1942 — 1944 | Пјер Лавал | ||||
| Законодавство | Национално собрание | |||||
| Историски период | Втора светска војна | |||||
| - | Избор на Петен | 10 јули 1940 | ||||
| - | Замрела | 25 август 1944 | ||||
| Валута | Франк | |||||
Вишиевска Франција се нарекувала марионетската држава, јужниот дел од денешна и историска Франција, којашто постоела во времето на окупацијата од Нацистичка Германија во текот на Втората светска војна, во периодот од јули 1940 - август 1944. За разлика од претходното име „Француска Република“ оваа држава го носела името „Француска Држава“. Маршалот Филип Петен ја прогласил владата по воениот пораз од Нацистичка Германија и по гласањето на Националното собрание на Франција на 10 јули 1940. Ова гласање му дало и вонредни права на Петен.
Вишиевска Франција формално имала власт и врз северниот дел на Франција кој бил под германска воена управа, и врз јужниот неокупиран дел (тнр. „слободна зона“) кајшто била сместена и државната управа, во градот Виши.
Легитимитетот на оваа марионетска држава и на Петен и премиерот Пјер Лавал бил оспоруван од генералот Шарл де Гол, кој по воениот пораз од Германија прогласил „армија на слободна Франција“ и „влада во егзил“ кои биле базирани во Англија и учествувале во Втората светска војна на страната на сојузниците.
По инвазијата на сојузниците во Нормандија, владата на Вишиевска Франција била прогласена за предавничка, а нејзините водачи Петен и Лавал биле осудени на смрт. Како херој од Првата светска војна, Петен бил подоцна помилуван од де Гол, а Лавал бил погубен.
