Витилиго

Од Википедија — слободната енциклопедија
Vitiligo
Витилиго на раце
СпецијалностДерматологија Уреди на Википодатоците

Витилигото се изразува со бели дамки на кожата. Понекогаш дамките се распоредени симетрично. На пример, може да се случи да имате речиси еднакви дамки на левиот и на десниот показалец.[1] Распространоста низ светтот е околу 1% од вкупната популација.[2]

Првите знаци на губење на пигментот често се јавуваат пред даесеттата година од животот и можат да се изразат како период на брзо исчезнување на бојата на кожата по кој следи период со мали или никакви промени. Периодот на мирување на болеста може да трае со години. Напредувањето на болеста се разликува од случај до случај. Кај еден пациент може да се појават неколку дамки и потоа со години не сеслучуваат никакви промени. Кај друг, целата пигментација може да исчезне во рок од 6 месеци. Емоционалниот или телесниот стрес може да придонесат за побрзо ширење на болеста.

Витилигото само по себе не е опасно за здравјето, иако понекогаш може да биде поврзано со болестите на штитната жлезда, со пернициозната анемија, со Едисоновата болест (Addison)(намалување на работата на адреналната жлезда) и со алопеција ареата (опаѓање на косата на мали овални површини). За повеќето болни најголемата опасност е губењето на самодовербата.

Причинители[уреди | уреди извор]

Лекарите не знаат што ја предизвикува појавата на витилигото, иако болеста обично се јавува во исти семејства. Една третина од сите заболени во семејството има некој кој боледува од таа болест. Хемиските средства, како што се фенолот (често се користи како средство за дезинфекција) и катеколит (се користи за боење на косата и за потемнување на кожата), како и емоционалниот и телеснит страс можат да придонесат за појавата на оваа болест.

Проблемот е во што клетките наречени меланоцити престануваат да создаваат меланин - материја што на кожата ѝ ја дава бојата. Постојат три основни теории за причината за престанувањето на создавање на меланин кај заболените од витилиго. Според првата теорија, болните нервни клетки можат да ги оштетат соседните клетки кои создаваат пигменти. Според втората, телото може да го уништи своето ткиво (автоимунолошка реакција) бидејќи ги смета за туѓи клетките кои создаваат пигменти. И конечно, според третата теорија, клетките што создаваат пигменти можат самите да се уништат (автитиксична реакција), оставајќи отровен талог што ги уништува новите пигментни клетки. Без оглед на причината за појава на витилигото, оваа болест никогаш не го загрозува животот на заболениот, а само во ретки случаи е опасна за здрвјето.

Симптоми[уреди | уреди извор]

  • Бели дамки (петна) на кожата кои често се распоредени симетрично на двете страни на телото. Рабовите на дамките со неправилен облик можат да бидат издигнати.
  • Дамките можат да се појават на секоја возраст во животот, а нивната појава често се поврзува со стрес.
  • Дамките најчесто се јавуваат на откриените делови на телото, како што се лицето, вратот и рацете, иако може да се појават на секој дел од телото.
  • Косата може да побели, а белките на очите можат да ја сменат бојата.
Витилиго на нозе

Обратете се на лекар[уреди | уреди извор]

Ако промената на бојата на кожата е толку изразена што негативно влијае врз самодовербата и социјалните активности. Постојат многу начини на лекување што ожат да го намалат дејството на витилигото.

Мајкл Џексон - славна личност која имала витилиго

Како да се препознае витилигото[уреди | уреди извор]

На витилиго укажуваат неправилните дамки на наполно бела кожа што ќе се појават на кожата со нормална боја. Ова нарушување се јавува кога телото ќе престане да создава меланин. Од витилиго заболуваат припадниците на сите раси, но понезабележливо е кај луѓето со посветла кожа.

Лекување[уреди | уреди извор]

Кај повеќето случаи, витилигото се лекува со доведување на поголем број пигментни зрнца на површината на кожата. Терапијата што е позната како ултравиолетов псорален А, или ПУВА, што се состои од орално примање на лекот и изложување на ултравиолетова светлина, се има покажано како ефикасна, особено кај болните со напреднат облик на оваа болест.

Алтернативните начини на лекување не ожат многу да направат за болниот заболен од витилиго, бидејќи врз развитокот на болеста може да се дејствува само со регулирање на создавањето меланин во телото или со пресадување здрави клетки на заболените места. Сепак, ако утврдиме дека стресот предизвикува периоди на зголемено губење на пигментацијата на кожата, обидете се да примените некои постапки за олабавување.

Конвенционални начини на лекување[уреди | уреди извор]

Постојат два основни начини на лекување на витилигото: прво, обид да се обнови нормалната пигментација и, второ, депигментација на остатокот од кожата, што како последица ќе има доста бледа, но изедначена боја на кожата.

Кај полесните случаи лекарите обично препишуваат кортикостероиди за локална примена кои се ефикасни за отстранување мали дамки.

Во случаите кога витилигото ќе зафати над 20 проценти од површината на телото, обично се применува лекувањето ПУВА. Тоа се има покажано како успешно најмалку кај половина од сите пациенти заболени од витилиго, бидејќи се обновува пигментацијата на повеќето делови на кожата зафатена со болеста. Научниците се обидуваат да пронајдат други начини на лекување освен терапијата ПУВА, бидејќи таа предизвикува низа придружни појави, како што се оштетувања на црниот дроб, мержа и други нарушувања на видот, фототоксична реакција што предизвикува појава на мали плускавци на кожата и мачнина. Келинтот, материја што се добива од коренот на билката Ammi visnaga се покажа како ефикасна материја а замена. Тој не предизвикува фототоксичност, иако во поголеми количества може да предизвика мачнина, вртоглавица, несоница и зголемување на нивото на ензимите во црниот дроб.

Ако дамките прадизвикани од витилигото имаат зафатено над половината од површината на телото, доаѓа предвид отстранување на бојата од здравата кожа. Таа постапка се нарекува депигментација. Сепак, пред да се решите на овој чекор, имајте предвид дека до крајот на лекувањето може да поминат месеци и години, а кожата ќе остане неповратно депигментирана. Постапката опфаќа уништување на меланоцитите со лек кој е смеса од монобензон и хидрохинон. Како можни придружни појави се контактен дерматитис, силен јадеж, многу сува кожа, напластување на пигменти во рожницата и побелување на косата.

Алтернативни начини на лекување[уреди | уреди извор]

Хомеопатското лекување можеби е најдоброто решение за болните заболени од витилиго кои сакаат да ги избегнат конвенционалните лекови со силно дејство. Посоветувајте се со хомеопат за начинот на лекувањето.

За да го смалите стресот што може да ја влоши болеста, обидете се да примените психосоматски постапки на олабавување како што се автосугестија, јога и хипноза.

Лекување дома[уреди | уреди извор]

За правилно лекување на витилигото мора да се јавите кај лекар. Единствено што можете да преземете дома е дамките на заболената кожа да ги изложувате на сонце. Притоа внимаајте здравата кожа да ја зажтитите од сонцето. Ултравиолетовото зрачење може да ја засили репигментацијата.

Користена литература[уреди | уреди извор]

  • Издавачка куќа: Mладинска куќа-Скопје
За издавачот: Златко Макаровски
Уредник: Лавинија Шувака
  1. Halder, RM; Chappell, JL (2009). „Vitiligo update“. Seminars in cutaneous medicine and surgery. 28 (2): 86–92. doi:10.1016/j.sder.2009.04.008. PMID 19608058.
  2. Nath SK, Majumder PP, Nordlund JJ (1994). „Genetic epidemiology of vitiligo: multilocus recessivity cross-validated“. American Journal of Human Genetics. 55 (5): 981–90. PMC 1918341. PMID 7977362.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)

Наводи[уреди | уреди извор]