Витешки турнир
Витешки турнир — воен натпревар на витези во Средновековна Западна Европа. Целта на турнирот е да се покажат борбените квалитети на витезите што ја сочинувале главната воена сила во средновековието. Првично, турнирите настанале како начин да се научат уметностите на војната во мирно време, како и за искусните учесници да ја покажат својата обука и доблест. Потоа стануваат вид на забава во која формалностите добиваат сè поголемо значење и борбата станува помаловажна и поусловна. Турнирите постепено се претвориле во прекрасни театарски претстави и традиционално поттикнувале изразена почит кон жените, при што наградата на победникот се дава од раката на некоја дама.[1]
Историја
[уреди | уреди извор]Не е точно утврдено кога започнале витешките турнири, но нивното прво историско спомнување е во една хроника од Опатијата на Сен Мартен (француски: abbaye Saint-Martin de Ligugé) во Тур, Франција. Записите што се однесуваат на 1066 г. ја опишуваат смртта на Жофроа де Прели (фр. Geoffroi de Preully), кој починал на турнир за кој самиот тој ги напишал правилата.[2]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Ogrodnik-Fujcik, Katarzyna (2021-02-28). „Henry the Young King: Top Star in the Tournament World“. Medievalists.net (англиски). Посетено на 2022-12-16.
- ↑ Cartwright, Mark. „Medieval Tournament“. World History Encyclopedia (англиски). Посетено на 2024-07-07.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Витешки турнир“ на Ризницата ? |