Витепска епархија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Витепската епархија на мапата на Белорусија

Витепската епархија (белоруски:Віцебская дыяцэзія, латински:Dioecesis Vitebscensis) — католичка епархија (диоцеза) во Белорусија со центар во градот Витебск. Витепската епархија на вклучена во Минско-Могиљовската архиепископија. Светец-заштитник на епархијата е Свети Јосафат Кунцевич.

Историја[уреди | уреди извор]

На 13 октомври 1999 година, папата Јован Павле II ја издал  булата "Ad aptius consulendum", основајќи ја Витепската епархија со тоа што таа била одделена од Минско-Могиљовската архиепископија.

Епистолскиот стол до јуни 2011 година бил во Катедралата на Св. Барбара во Витебск. На 18 јуни 2011 епископскиот стол беше свечено префрлен во новоизградената витепска Катедрала на Исус Милостив.[1]

Од своето основање до 23 февруари 2013, на чело на епархијата беше епископот Владислав Блин.

На 29 ноември 2013 година папата Франциск го има назначено Олег Буткевич како нов епископ на Витебск.

Епископи на епархијата[уреди | уреди извор]

  • Епископ Владислав Блин (13.10.1999 — 23 февруари 2013);
  • Епископ Олег Буткевич (29 ноември 2013 — денес).

Структура[уреди | уреди извор]

Таа ја зафаќа територијата на Витепската област, епархијата е суфраган во однос на Минско-Могиљовската архиепископија.

Деканати[уреди | уреди извор]

  • Бреславски
  • Видски
  • Витебски-северен
  • Витебски-југжен
  • Глубокски
  • Докшицки
  • Лепељски
  • Миорски
  • Оршански
  • Полоцки
  • Поставски
  • Шарковшчински

Статистика[уреди | уреди извор]

При крајот на 2014 година католиците биле 12.0 % од вкупното население на територијата на епархијата.

Наводи[уреди | уреди извор]

Извори[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]