Прејди на содржината

Витезот од Седумте Кралства (ТВ-серија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Витезот од Седумте Кралства
Жанр
Создадена од
Заснована наВитезот од Седумте Кралства од Џорџ Р. Р. Мартин
Раководител на серијатаАјра Паркер
Улоги
Композитор(и)Ден Ромер
Земја на потекло САД
Првичен јазик
Бр. на сезони1
Бр. на епизоди6
Производство
Извршен продуцент
ПродуцентЛиза Бирн
Место на снимањеОбединето Кралство
Времетраење31 — 42 минути
Продукциска куќа
Прикажување
Првична мрежаHBO
Првично прикажување18 јануари 2026 – сѐ уште
Хронологија
Слични програмиПесна за мраз и оган

Витезот од Седумте Кралства (англиски: A Knight of the Seven Kingdoms) — фантастична телевизиска серија, екранизација на циклусот повести на Џорџ Р. Р. Мартин, познати и под насловот Приказни за Данк и Ег. Главните улоги ги толкуваат Питер Клефи и Декстер Сол Ансел.

Премиерното прикажување на првата сезона започнало на 18 јануари 2026 г. Серијата добила високи оценки од критичарите и веќе е продолжена за втора сезона.[1]

Содржина

[уреди | уреди извор]

Книжевна основа на серијата е збирката повести Витезот од Седумте Кралства (буквален превод на оригиналниот наслов е Приказни за Данк и Ег) од американскиот писател Џорџ Р. Р. Мартин. До 2026 г. се напишани три повести: Витезот скитник, Заклет витез и Таинствениот витез. Нивното дејство се одвива на измислениот континент Вестерос, во услови на доцен феудализам. Главни ликови се витезот Данкан Високиот и неговиот штитоносец Ег, идниот крал Егон V Таргариен.

Првата сезона е заснована на првата повест од циклусот, Витезот скитник. Штитоносецот Данк (Данкан), висок и силен младич, го погребува под едно дрво својот учител и господар, витезот скитник Арлан од Пенитри. Тој ги присвојува оклопот, штитот и мечот на покојникот и решава да замине на турнир во градот Ешфорд. По патот, Данк во една крчма го среќава 9-годишното момче сираче Ег, кој благодарение на својата упорност станува негов штитоносец.

Во Ешфорд, на Данк, кој е облечен во скромна облека, му одбиваат учество на турнирот додека не добие препорака од некој благородник. Благодарение на својата смелост и чесност, Данк успева да го одбрани правото да ги носи витешките мамузи. Со текот на времето, Данк дознава дека младиот Ег е всушност принц од династијата Таргариен. Тој се наоѓа во центарот на судир што може да се реши само со двобој во кој учествуваат најпознатите витези на Вестерос, вклучувајќи го и престолонаследникот. Последниот, застанувајќи на страната на Данкан, загинува, што засекогаш ја менува судбината на јунакот, но и на самите Седум Кралства.

Глумец Улога
Питер Клефисер Данкан Високиот „Данк“
Декстер Сол АнселЕгон Таргариен „Ег“
Фин БенетЕрион „Светлопламен“ Таргариен
Берти КарвелБелор „Кршач на Копја“ Таргариен
Сем СпруелМекар Таргариен
Тензин КрофордТансела
Даниел Ингссер Лионел Баратеон „Насмеаната Бура“
  1. „A Knight of the Seven Kingdoms: Season 1 | Rotten Tomatoes“. www.rottentomatoes.com (англиски). Посетено на 2026-02-13.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]