Вистинскиот крај на големата војна (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Вистинскиот крај на големата војна (полски: Prawdziwy koniec wielkiej wojny) - полски филм од 1957 година во режија на Јежи Кавалерович (Jerzy Kawalerowicz), кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги толкуваат: Луцина Виницка (Lucyna Winnicka), Роланд Гловацки (Roland Glowacki) и Анджеј Шалавски (Andrzej Szalawski).

Синопсис[уреди | уреди извор]

Роза (ја игра Виницка) се мажи за перспективниот млад архитект Јулиуш (го игра Гловацки). Меѓутоа, тогаш започнува Втората светска војна и Јулиуш набргу е депортиран во концентрационен логор. Роза постепено ја губи надежта за враќањето на нејзиниот сопруг. Таа се вљубува во друг човек и се обидува да го продолжи животот со него. Но, еден ден, сосема неочекувано, се враќа Јулиуш...[1]

Наводи[уреди | уреди извор]