Вистинска љубов
Вистинска љубов | |
---|---|
Жанр | драма теленовела, историска |
Создадена од | Kаридад Браво Адамс |
Улоги | Адела Нориега Фернандо Колунга Маурицио Ислас Хелена Рохо Ана Мартин |
Воведна тема | "Amor Real" |
Земја на потекло | Мексико |
Првичен јазик | Шпански |
Бр. на епизоди | 95 |
Продукција | |
Извршен продуцент(и) | Карла Естрада |
Времетраење | 45 минути |
Прикажување | |
Првична мрежа | Канал2 |
Надворешни врски | |
Мрежна страница | esmas.com/amorreal |
Вистинска љубов е романтична и историска мексиканска теленовела. Серијата е снимена во Мексико, во текот на 2003/2004 година, со 95 епизоди. Серијата стекна огромен успех во целиот свет, а поради тоа и на мексиканските ТВ и Новеле Награди, освои неколку награди, како и најглавната за најдобра теленовела за 2004 година. Оваа теленовела се емитуваше низ целиот свет, а некои ја сметаат и за најдобра теленовела на сите времиња. Сепак, со одличната песна исполнета од мексиканскиот пејач Син Бандера, и одличната костимографијa, освоија огромен дел од публиката.
Синопсис[уреди | уреди извор]
Чувствителната и префинета Матилде Пењалвер и Беристаин, ни малку не се грижи за однесувањето во тоа време. Таа се заљубува во Адолфо Солис, надевајќи се како нејзиниот добар татко Иларио, ќе и допушти венчавка. Но, нејзината злобна мајка Августа, и нејзиниот брат Умберто, одлучуваат да ја венчаат за богат човек за да ја спаси фамилијата од банкрот. Најдобар кандидат за оваа титула им се гледа Мануел Фуентес Гера, згодно момче кое штотуку го наследило семејното наследство. Напуштен од својата мајка Росарио растел покрај својот татко. Кроејќи ги своите планови, Августа и Умберто го испраќаат Адолфо во затвор и и велат на Матилде дека тој побегнал бидејќи бил женет. Шокирана и потиштена, младата девојка одлучува да се венча со Мануел. После враќањето на имотот, Матилде мора да живее покрај човек што не го сака, но и мора да ја поднесува злобната Антонија, која е заљубена во Мануел. Но сепак, со текот на времето, љубовта на нив двајца, станува се посилнa и Матилде го заборава Адолфо, но сплетките, интригите, лагите и љубомората која ги окружува нив двајца, ќе ги поттикне двајцата заљубени срца, да докажат колку нивната љубов е вистинска...
Улоги[уреди | уреди извор]
Глумци | Ликови |
---|---|
Адела Нориега | Матилде |
Фернандо Колунга | Мануел |
Маурицио Ислас | Адолфо |
Хелена Рохо | Августа |
Ернесто Лагуардиа | Умберто |
Ана Мартин | Росарио |
Маријана Леви | Хосефина |
Шантал Андер | Антониа |
Маурисио Херера | Отец Урбано |
Ана Берта Еспин | Пруденсија |
Рафаел Рохас | Амадор |
ДВД Издание[уреди | уреди извор]
Мексиканската продукција Телевиса издаде и оригинален ДВД пакет од серијата Вистинска љубов. Во пакетот се состоат 2 двд цедеа, со сите 95 епизоди.
Емитирање на Балканот[уреди | уреди извор]
Македонија: Сител Телевизија
Србија: Пинк Телевизија
Босна и Херцеговина: Пинк БХ
Хрватска: ХРТ1
Бугарија: Евроком
Црна Гора: Пинк М
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Официјално мрежно место Архивирано на 7 јули 2007 г.
- Сериалс.ру Архивирано на 5 јули 2007 г.