Прејди на содржината

Вистинска приказна за исчезнувањето на приказните

Од Википедија — слободната енциклопедија
Вистинска приказна за исчезнувањето на приказните
АвторБилјана Станковска
ЗемјаМакедонија Македонија
Јазикмакедонски
Жанрроман
ИздавачФеникс (издавачка куќа)
Издадена
2016
Медиумпечатено издание
ISBN978-9989-33-594-5

„Вистинска приказна за исчезнувањето на приказните“роман за деца на македонската писателка Билјана Станковска. Книгата е објавена во 2016 година од книгоиздателството „Феникс“ , библиотека Ви Арт, а илустрацијата на корицата е на Хенри Матиз со сликата „No strings attached". Книгата е каталогизирана во НУБ„Св. Климент Охридски“ -Скопје со ISBN број 978-9989-33-594-5. Романот е изборна лектира за четврто одделение.[1]

Содржина

[уреди | уреди извор]

Романот се состои од 11 приказни, кои се меѓусебно поврзани поглавја. Приказната започнува во две различни земји,Земјата на морињата и Земјата на приказните, а протагонистите се поврзани и комуницираат преку видео врска, за да полека се разврзе магична приказна за разделеното семејство во просторот, но не и во духот. Леа и нејзините братучеди,Лука и Матеј, од Земјата на приказните заедно со бабата, двете сестри- тетки, двајцата тетиновци и вујкото, во ова модерно четиво се во поход да ги спасат приказните кои мистериозно исчезнуваат.

Осврт кон делото

[уреди | уреди извор]

Во ова дело на Билјана Станковска се присутни магични елементи во реален простор, со компјутери, видео врски и цд-а, видео игри и цртани филмови. Авторката низ вешт и дијалошки испреплетен текст успева да разврзе приказна каде фантазијата на децата успева да ги разреши загатките кои им се поставени како предизвик. Романот изобилува со случки и интертекстуалност каде Петар Пан е лик од приказните чии текстови се избришале, но и кукла која ги спојува мајката и таткото на Леа, уште пред нејзиното раѓање, а се појавува чудесно во рацете на таинствената госпоѓа со чудна шапка.


  1. Билјана Станковска, Вистинска приказна за исчезнувањето на приказните, Скопје, 2016, Феникс