Вистерија (глицинија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Вистерија (глицинија)

Вистерја (глицинија или син дожд) е род на цветни растенија од семејството на мешунките (Fabaceae), кое вклучува десет видови на дрвенести искачувачи од источен САД, Кина, Кореја и Јапонија. Некои видови се користат како украсни растенија, особено во Кина и Јапонија

Опис[уреди | уреди извор]

Вистерија е род кој се состои од десет видови полудрвенести искачувачи чии гранки се виткаат околу носечките столбови во насока на стрелките на часовникот и обратно. Тие можат да се искачат до 20 метри во висина и до 10 метри во широчина. Најпознатата вистерија се наоѓа во Сиера Мадре во Калифорнија и зафаќа околу 0,40 хектари и тежи околу 250 тони.[1] Листовите се наизменични (15-35 цм), во форма на перо, а ги има 9-19. Цветовите се наредени во гроздови (10-80 цм), кои претежно се сино-виолетови, розови, боја на лаванда, боја на бел слез или чисто бели. Цвета во пролет кога прво се појавуваат цветовите, а потоа и листовите. Цвета уште 2-3 пати во текот на годината, во средината на лето и кон крајот на есента. Цветовите на некои видови имаат исклучително пријатен мирис, а доаѓаат до израз доколку растението е засадено на перголи. Кинеските и јапонските видови цветаат дури по неколку години (5-7), додека американските видови цветаат во втората година бидејќи се помалку робусни од јапонската и кинеската вистерија. На крајот од цветањето се формираат мешунки (плодови) со големина од 15 см, кои содржат заоблени семиња, обоени во смеѓа и црна боја.

Одгледување[уреди | уреди извор]

Вистеријата се смета за инвазивен вид на искачувачи, особено ако и се дозволи да расте и да се искачува заедно со постоечко растение, бидејќи има способност да го задуши растението домаќин.[2] Најдобро напредува на силно сонце и со потпора која мора да биде многу силна бидејќи со текот на времето вистеријата ги зајакнува своите гранки кои можат да ги скршат дрвените столбови или да го задушат возрасно дрво. Ако расте до куќа, може да предизвика оштетување на олуците, ќерамидите или дури и на приодните патеки и фасадата. Оваа раскошно растение е отпорно на ниски температури и не му пречат високите летни температури.[3] Без проблеми ги преживува нашите континентални зими, само во првите две години треба да биде заштитена. Не и одговараат ниту зимските ниту летните ветрови. На Вистеријата и одговара благо кисела почва (pH вредност 6,2) и во текот на пролетта е многу важно да се ѓубри еднаш годишно. Може да се сади од семиња, но подобро и почесто тоа се прави од расад. Растението добиено од семе може да не цвета со децении, па затоа се зема фиданка што излегува од коренот.

Видови на вистерија[уреди | уреди извор]

  1. Wisteria brevidentata
  2. Вистерија флорибунда-јапонска вистерија
  3. Wisteria frutescens
  4. Wisteria sinensis - кинеска вистерија
  5. Вистерија вентуза
  6. Вистерија вилоса
  7. Wisteria brachybotrys - свиленкаста вистерија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „..::Sierra Madre Chamber of Commerce::.“. web.archive.org. 2013-03-18. Архивирано од изворникот на 18. 03. 2013. Посетено на 2020-03-08. Проверете ги датумските вредности во: |archive-date= (help)
  2. „Glicinija, veličanstvena puzavica: Najlepši ukras dvorišta, štiti od komšijskih pogleda! (FOTO)“. stil.kurir.rs (српски). Посетено на 2020-03-08.
  3. „Glicinija (Wisteria)“. Plantea (хрватски). 2015-10-12. Посетено на 2020-03-08.

Литература[уреди | уреди извор]

https://prirodnoizdravo.com/glicinija-plava-kisa-uzgoj-sadnja-razmnozavanje/

http://rasadnikmihalek.com/visterija-plava-kisa/