Висок претставник за Надворешни работи и Безбедносна Политика на Европската Унија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Висок претставник на Европската Унија за Надворешни работи и Безбедносна Политика
Insignia of the European External Action Service.svg
Амблем на EEAS
Federica Mogherini Official.jpg
Функционер
Федерика Могерини

од 1 ноември 2014
Назначувач Европскиот Совет со согласност на претседателот на Европската комисија
Мандат 5 години
Прв функционер Јурген Трумф (CFSP)
Кетрин Ештон (FASP)
Создадена 1999 (CFSP)
2009 (FASP)
Заменик Presidency foreign minister
Мреж. место Council, Commission

Високиот претставник за Надворешни работи и Безбедносна политика на ЕУ — главен координатор и претставник на Заедничката Надворешна и Безбедносна политика (CFSP), во рамките на ЕУ. Во моментов ова место на висок претставник ѝ припаѓа на Федерика Могерини. Функцијата која таа ја обавува е иста со онаа на министерот за надоврешни работи на ЕУ. Оваа функција за Висок Претставник за Надворешни работи и Надворешна политика е воведена со Договорот од Амстердам. Местото тогаш му припаѓало на Хавиер Солана, кој се задржал на позицијата 10 години, до надоградувањето на оваа функција во Договорот од Лисабон, кој го всели високиот претставник во Европската Комисија, и го смести во Европскиот совет за Надворешни работи. По нејзиното основање, кон крајот на 2010 година[1], оваа функција ќе биде поткрепена од Европската служба за надворешни дејствувања и од дипломатскиот корпус.

Титула[уреди | уреди извор]

Високиот претставник е официјално именуван како Висок претставник за Надворешни работи и Безбедносна Политика на Европската Унија. Меѓутоа официјално е именувана и како Висок претставник на Заедничката Надоврешна и Безбедносна политика, а со Уставот пак е именувана како Министер за Надворешни Работи на ЕУ. Ваквата најнова титула која гласи, Министер за Надворешни Работи во ЕУ, сеуште е најприменувана во рамките на медиумите, од новинарите како јавно најпрепознатливо именување за оваа фунција[2].

Улога[уреди | уреди извор]

Секаде каде што е постигната поволна надворешна политика, Високиот претставник може да дејствува, преговарајќи за се она што е корисно за земјите членки. Високиот претставник ја координира работата на Специјалните Претставници на Евроската Унија, и обавува други задачи како што е координирање на антитероризмот.

Претставувајќи ја Европската Унија и координирајќи Заедничката Безбедносна и Одбранбена политика, Високиот претставник исто така е:

  • Поранешен официјален заменик-претседател на Европската Комисија
  • Одговорен за Специјалните Претставници на Европската Унија
  • Челник на Европската Служба за надворешни дејствувања и на делегациите
  • Претседател на Советот за Надворешни работи
  • Генерален секретар на Западно Европската Унија
  • Секретар на Европската Организација за одбрана
  • Претседател на одборот на Европскиот Институт за Безбедносни студии

Според предлозите од Шведското претседателство во 2009 година, Високиот претставник ќе управува со персоналот и буџетот на EEAS, планирајќи како големината на буџетот да биде поставена. Високиот претставник е одговорен за утврдување на персоналот на EEAS, за контролирање на општата надворешна политика, (надвор од трговија или разој и проширување кое мора да биде остварено заедно со Комисијата) вклучувајќи ја тука безбедносната иницијатива и разумната поделба. Меѓутоа, иако Високиот претставник е одговорен за превземањето на иницијативи, одлуките ке бидат донесени од Советот на земјите членки, притоа Високиот претставник ке мора да го извести и Парлементот[3].

Додека постои одредена доза на критицизам за нејасната поделба на власта меѓу врвните играчи на Европската Унија, украинскиот амбасадор Андриј Веселовски, ја пофали конструкцијата и се изјасни на свој начин : Претседателот на Европската Комисија зборува од името на Владата на Европската Унија, додека Претседателот на Европскиот Совет претставува стратег. Високиот претставник е усовршен за билеатералните односи, а Европскиот Комесар за проширување и добрососедска политика се справува со стручните проблеми како што е договорот за слободна трговија со Украина. Претседателот на Европскиот Парламент пак, во меѓувреме ги разјаснува вредностите на Еврпската Унија[4].

Со издигнувањето на улогата на и исклучувањето од Европскиот Совет, Државните министри за надворешни работи сега се колебливи за нивната улога, во однос на Високиот претставник на ЕУ. На неформална средба во Финска, спорно било дали можат да работат како специјални пратеници во корист на Високиот претставник. Ова оспорување било поткрепено од Ештон, која изјави дека се додека од Европската Унија се слуша само еден глас, не е важно кој сè зборува.

Назначувања[уреди | уреди извор]

Високиот претставник е назначен од Европскиот Совет, изгласан од квалификувано мнозинство. Меѓутоа, со цел да се сочува неговата улога во Европската Комисија, посебно како Заменик-претседател, Високиот претставник мора да се појави пред распит пред Парламентот, а потоа да биде подреден на гласањето од Парламентот за одобрување на Комисијата.

Основната месечна плата на Високиот претставник е фиксирана на 130%(повисока од платата на заменик-претседателот, но пониска од платата на претседателот на Комисијата) од највисокиот степен на Граѓанската служба во Европската Унија (степен 16, точка 3), што изнесува 23,006,98 евра. Освен ова, постојат и други додатоци, кои заедно со условите за вработување на Високиот претставник се изедначени со оние на Комисијата.

Досегашни Високи претставници[уреди | уреди извор]

Слика Претставник Држава Партија Мандат Забелешка
No image.svg Јурген Трумф  Германија Независен дипломат 1 мај 1999 18 октомври 1999
Javier Solana 1999.jpg Хавиер Солана  Шпанија ЕУ- Социјалистичка
Државна- PSOE
18 октомври 1999 1 декември 2009 генерален секретар на Советот
Baroness Ashton headshot.jpg Кетрин Ештон  Обединето Кралство ЕУ- Социјалистичка
Државна-Работничка партија
1 декември 2009 1 ноември 2014 функција надоградена со Лисабонскиот договор
Federica Mogherini Official.jpg Федерика Могерини  Италија ЕУ- Социјалистичка
Демократска партија
1 ноември 2014 во служба Мишел Барние, за да го советува за важни прашања во одбраната и безбедноста

Историја[уреди | уреди извор]

Функцијата Висок претставник е воведена со договорот од Амстердам и долго време беше обврска на Хавиер Солана. Во почетокот оваа функција била далеку поограничена во споредба со сегашната, надоградена со Лисабонскиот договор,во 2009 година. Во моментов на функцијата Висок претставник се наоѓа Кетрин Ештон. Новитетите од Лисабонскиот договор веднаш беа вклучени во Европскиот Устав кој никогаш не беше ратификуван.

Солана[уреди | уреди извор]

Со Договорот од Амстердам се воведе функција на Висок претставник на Заедничка Надворешна Безбедносна политика кој ќе ја претставува Европската Унија на светската сцена. Беше одлучено Генералниот секретар на Советот да биде и Висок претставник. Генерален секретар во тоа време беше Јурген Трумф, што значи дека тој е и првиот Висок претставник, иако на функцијата се задржал само неколку месеци.

Првиот постојан Висок претставник е Хавиер Солана, поранешен Генерален Секретар на НАТО. Солана беше назначен на 4 јули 1999 година, на Европскиот Совет во Келн, за Генерален секретар на Советот и Висок претставник. Ја превзеде функцијата на 18 октомври 1999, кратко по заминувањето од НАТО. Истата имаше буџет тежок 40 милиони евра, кој најмногу се вложуваше во Балканските процеси. За време на мандатот на Солана, оваа функција на Висок претставник се прошири мошне брзо, комбинирајки се со уште неколку други. На 25 ноември 1999 Солана е назначен и за Генерален Секретар на Западно европската Унија (WEU), контролирајќи го префрлањето на одговорности од оваа организација до CFSP. Неговиот петгодишен мандат, е обновен во 2004 година. Тој исто така стана и претседател на Европската одбранбена организација.

Во мај 2000 година, владата на Клинтон истакна дека Солана е исполнување на славната желба на Хенри Кесинџер да има телефонска врска за разговор кон Европа. Во декември 2003, Солана ја формираше Европската стратегија за безбедност, која ги постави главните приоритети, покажувајќи на заканите за безбедноста како што е тероризмот. На 25 мај 2004 година, го назначи Гијс де Вријс за антитерористички координатор на CFSP, и наведувајќи ги неговите должности, зададе аеродинамична линија на организацијата и координацијата на борбата на ЕУ против тероризмот.

Како преговарач се појавува во многубројни Договори за соработка меѓу Европската Унија и Средно источните и Латиноамериканските земји како што се Боливија и Колумбија. Исто така носител е на една од централните улоги во обединувањето на деловите на СФРЈ. Всушност негов бил предлогот Црна Гора да се соедини со Србија, наместо да добие потполна независност, со намера да се избегне домино-ефектот на Косово и Војводина како одговор на барањето за нивна независност. Локалните медиуми иронично ова соединето подрачје го нарекуваат „Соланиа“.

На 21 јануари 2002 година, Солана изјави дека политичките затвореници од Гвантанамскиот Залив треба да се третираат како затвореници од војната, во рамките на Женевската конвенција. Европската унија со надеж изјави дека на овој начин и со идните преговори ќе се избегнат други војни, слични на нападите од Ирак. Како најтешки моменти за време на мандатот Солана ги издвои моментите на несогласувања помеѓу Велика Британија и Франција, двете незаменливи членки на Европскиот Совет за безбедност. Таканареченото, Вилнуско Писмо, декларација за подршка од источно европските земји за променетиот целен режим на Америка кон Ирак, и Писмото од Осумте, сличен документ на Велика Британија, Италија и уште шест земји членки од втор ред, генерално се два документи кои претставуваат ниска оцена за CFSP. Сепак, Солана го одработи мандатот како смирен дипломат иако често пати беше притиснат да завземе страна во текот на преговорите или пак приморан да решава невозможни мисии.

Солана одигра важна улога во наогањето решение за Израелско Палестинскиот конфликт и сеуште е основен градител на Мапата за Мир на Обединетите нации, Русија и обединетите земји од Квартетот на средниот исток. На 22 јули 2004 година се сретна со Ариел Шерон во Израел. Шерон, во почетокот одбивала да се сретне со Солана, но на крајот ја прифатила средбата, без разлика на тоа што ЕУ веќе била вовлечена во Мапата за Мир. Солана ги критикувал Израелците за попречување на претседателските избори во Палестина на 9 јануари 2005 година, за подоцна на 13 јануари истата година да се сретне со Шерон.

Во ноември 2004 година учествува во преговорите меѓу Велика Британија, Франција и Германија за запирање на нуклеарното збогатување со Иран. Истиот месец е вклучен во медијаторстовото меѓу двајцата претседателски кандидати за пост-изборниот развој на Украина, за на 21 јануари 2005 година, да го покани украинскиот новоизбран претседател Виктор Јушченко, да разговараат за идното членство во ЕУ.

Договорот од Лисабон[уреди | уреди извор]

Европскиот устав предлага спојување на Европскиот Комесаријат за Надворешни работи со Високиот претставник со цел да се добие министер за надоврешни работи и безбедносна политика на унијата. Иако уставот потфрли при ратификувањето, Договорот од Лисабон ги внесе промените под различно име. Новиот Висок претставник за надворешни работи и безбедносна политика сеуште ке биде спој од Европскиот Комесаријат за надворешни работи и Високиот претставник и според уставот ке биде поддржан од Службата за надворешни услуги. Новата позиција носи и нови обврски како што се раководство со Советот за надворешни работи и претставување на Европската унија на меѓународна сцена, обврски кои претходно припаѓаа на Министерот за надворешни работи на земјата која во моментот претседава со ЕУ.

И покрај промената на името некои од медиумите сеуште оваа функција ја нарекуваат само Надворешен Министер, па затоа во преговорите е одлучено Високиот претставник да не биде повеќе Генерален секретар на Советот, туку Потпретседател на Европската Комисија, притоа извршувајќи ја новата функција. Спојувањето на овие две функции претставува дополнителен одговор на прашањето на Кисинџер:

Формирањето на функцијата Висок претставник за надворешна политика, или подобро Министер за Надворешни работи претставува голема промена со оглед на моменталната ситуација. Тоа би ставило крај на двојното ангажирање на функцијата која во моментов му припаѓа на Г-динот Хавиер Солана, извршувана и од Комисијата од Мадам Бенита Фереро-Валднер за да се постигнат надворешните цели на Европската Унија. Сега само една личност ќе се справува со проблемите и ке одговара на телефонските повици на Кисинџер - „Би сакал да разговарам со Европа“

Валери Жисгард Д'ајштинг за својот блог, од 5 јули 2007 година.

Ештон[уреди | уреди извор]

Иако Хавиер Солана беше избран за прв Министер за надоврешни работи одложувањето на воведувањето на функцијата, доведе до тоа, после 10 години мандат да мора да го отстапи местото за нов кандидат. После многуте кандидати, кои добија предност, челниците на ЕУ одлучија Кетрин Ештон од Велика Британија, да биде носител на интегрираната функција, Висок претставник. Ештон претходно беше Европски Комесар за трговија, без никакво искуство за надоврешни работи. Таа неочекувано се искачи на врвот на листата, меѓу кандидатите за оваа позиција, откако анонимно беше номинирана од левицата. Дека функцијата ке и припадне на Ештон беше потврдено и од Еврпксиот Парламент. На истата средба на Европскиот Совет, Пјер де Боисеј беше назначен за Генерален Секретар на Советот на Европската Унија, со цел да се разјасни дека Високиот претставник и Генералнито Секретар се две различни функции кои ќе ги извршуваат различни личности.

По земјотресот на Хаити, во 2010 година, Ештон повика средба меѓу Министрите за надоврешни работи, развој и животна средина и експерти од Советот, како и Центарот за справување со кризи. На средбата се договорија, за почеток да помогнат со 3 милиони евра, за понатаму да обезбедат поголема финансиска помош, да испратат кадар способен да се справи со ситуацијата и да ги координираат заложбите на сите земји членки. Ештон исто така ги повика на средба и Амбасадорите на земјите членки, однесувајќи се како Генерален координатор, што значи дека сите контаки и врски се одвиваа преку нејзе (ОН преку Ештон). Иако одби овој чин да се опишува како активност на надоврешните работи, Ештон истакна дека ова е прв пат ваква координација да биде постигната меѓу различните министерства за надоврешни работи во рамките на ЕУ. Шпанија, која претседаваше со Советот на ЕУ пред поставувањето на Лисбонскиот Договор, повторно превзеде одговорност преку дозвола за користење на Шпанските воени бази во Панама. Сепак, најмногу државна помош се овозможи преку билатералноста на Хаити и другите индивидуални земји членки. Подоцна, меѓу неколкуте критикувани високи претставници кои не го посетија Хаити лично се најде и Ештон. Иако министрите на ЕУ правеа договори за развивање на Европската жандармерија, критиките паѓаа врз Ештон за неуспех на подобрувањето на меѓународниот портрет на ЕУ. Ештон возврати на критиките изјавувајќи „Пристигнуваа признанија од сите страни за успешно завршената работа на ЕУ, од луѓето од Хаити, од Америка и Обединетите Нации. Само треба да се запрашаме дали ги поддржавме луѓето и дали спасивме животи? Да, направивме се што можевме.“

Критицизмот продолжи да се натрупува, вклучувајќи ги жалбите дека Ештон не присуствувала на средбата за одбрана за да може да присуствува на инаугурацијата на Украинскиот премиер, одразувајќи го сето тоа врз Британските службеници, во недостигот на јазични способности, придонесувајќи да порасне гневот меѓу Велика Британија и Франција со креирање на седишта на военото планирање. Во нејзина одбрана застанаа некои членови, меѓу кои комесарот Гунтер Ојтингер, со оглед на тоа дека таа треба да постигне успех комбинирајќи три претходни работи, притоа да изврши воспоставување на EEAS, и затоа е невозможно да заврши се одеднаш, ниту пак да ги задоволи барањата на сите. Меѓутоа, навременатата шпанска помош во текот на 2010, ја доведе Ештон да се соочи со конкуренција од шпанскиот министер за надоврешни работи, случај за кој требаше да се зборува во ЕУ, и притоа да се најде консензус меѓу земјите членки и институциите, што доведе до навраќање кон оперативните датуми на EEAS од пролетта 2010 до декември истата година.

Основи на договорите[уреди | уреди извор]

Договорите на Европската Унија, подготвени како Договорот од Лисабон, се наведени во Член 15(2):

Европскиот Совет треба да биде составен од челниците на државите и на владите , претседателите на земјите членки и претседателот на Комисијата.Високиот претставник на унијата за Надворешни работи и безбедносна политика треба да учествува во сите свои заложби.

како и во Член 18:

  1. Европскиот совет , раководен од квалификувано мнозинство, со солгасност од Претседателот на Комисијата треба да го именува Високиот претставник на унијата за Надворешни работи и безбедносна политика. Европскиот совет може да го прекине неговиот мандат на ист начин како што го именувал.
  2. Високиот претставник треба да раководи со заедничката надворешна и безбедносна политика. Со неговите предлози кои ги изнесува пред Советот, треба да придонесува за развој на таа политика. Истите треба да бидат во корист на безбедносната и одбранбената политика.
  3. Високиот претставник треба да претседава со Советот за надворешни работи
  4. Високиот претставник треба да биде еден од потпретседателите на Комисијата. Треба да ја обезбеди доследноста на надворешните акти на Унијата. Треба да биде одговорен за задолженијата на Комисијата, за надоврешните односи и координирање на другите аспекти на надоврешно дејствување. Во спроведувањето на овие и само на овие одговорности, Високиот претставник треба да ги разграничи своите заложби од оние на Комисијата, одлука содржана во параграф 2 и 3.
C 115/26 Службен Весник на Европската Унија, 5 септември, 2008 година

Наводи[уреди | уреди извор]