Високо (клисура)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Високо / Викос
Φαρράγγι του Βίκου
Поглед на клисурата Викос од Белои
Земја Грција
Регион Епир
Округ Јанина
Општина Загори
Должина 20 км
Ширина до 0,4 км
Длабочина 450 до 1.600 м

Високо или Викос (грчки: Φαράγγι του Βίκου) — длабока клисура во Пинд, во областа Епир. Се наоѓа на јужната страна на планината Камила (Тимфи) и е со должина од околу 20 км, променлива длабочина од 450 до 1 600 м, како и ширина од 400 м до само неколку метри во најтесниот дел[1]

Се смета за најдлабока клисура или кањон на светот според Гинисовата книга на рекорди.[2]

Клисурата се наоѓа во централниот дел на Националниот парк Високо-Војуша во областа Загори. Започнува меѓу селата Горно Маало, маало на блиското село Везица (Вица), денес Монодрендри[3] и Кукули, и завршува во близина на истоименото село Високо (Вицико, Викос), по кое целата клисура го носи името (или обратно).[4]

Низ клсурата тече Водоматица (Војдоматис) една од притоките на реката Војуша.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Amanatidou, Despoina (2005). „A case study in Vikos-Aoos National Park – Greece“ (PDF). Универзитет Фрајбург. конс. 2017-03-08. 
  2. Guinness World Records 2005: Special 50th Anniversary Edition. Guinness World Records. 2004. стр. 52. ISBN 978-1-892051-22-6. https://books.google.com/books?id=D4wYAAAAIAAJ&dq=Vikos%2BGuines&lr=&as_brr=0&hl=. 
  3. A. Kathareios (Inspector of the 1st educational region of Epirus) Report of Inspection of Zagorochoria in 1913
  4. *„Natura 2000 Data Form. Site code: GR2130009“ (PDF). Натура 2000. 2009. стр. 8. конс. 2017-03-08. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]


Координати: 39°58′10″ СГШ; 20°43′42″ ИГД / 39.969444° СГШ; 20.728333° ИГД / 39.969444; 20.728333