Вискозиметар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Оствалдовиот вискозиметар ја мери вискозноста на флуидот со позната густина

Вискозиметар е мерен инструмент кој се користи за мерење на вискозноста на флуидите. На 20.00 степени Целзиусови вискозноста на водата изнесуува 1.002 mPa·s и нејзината кинематичка вискозност (однос помеѓу вискозноста и густината) е 1.0038 mm2/s. Овие вредности се користат за калибрирање на некои видови вискозиметри. Постојат повеќе видови на вискозиметри, при што кај некои флуидот останува стационарен, а некој предмет се движи низ него, или пак предметот е стационарен а флуидот се движи.