Висар Вишка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Висар Вишка
Роден 17 јануари 1977
Гостивар
Националност Албанец
Занимање глумец, режисер


Висар Вишка (Гостивар, 17 јануари 1977) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец, и режисер.

Животопис[уреди | уреди извор]

Висар Вишка е роден на 17 јануари 1977 година во Гостивар. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на отсекот за актерска игра во класата на Љубиша Георгиевски во 1999 година. Вработен е во Македонскиот народен театар од 2011 година. Во 2007 година бил советник на министерот за култура за кинотечна дејност, а повотрно бил советник на министерот за култура Асаф Адеми во 2018 година.[1]

Театрографија[уреди | уреди извор]

  • „Тој имаше два пиштола со црни и бели очи“ од Дарио Фо, р. Димитар Станковски, Театар на народности Албанска драма - Скопје, 1996;
  • Тој — „Чест“ од Васил Иљоски, р. Виолета Џолева, Драмски театар - Скопје, 1998;
  • Леарт — „Хамлет“ од Вилијам Шекспир, р. Владо Цветановски, Драмски театар - Скопје, 1998;
  • „Коските што доцна доаѓаат“ од Теки Дервиши со инспирација од романот „Палата од соништа“ на Исмаил Кадаре, р. Владимир Милчин, Театар на националностите, Театар на народности Албанска драма - Скопје, 1998;
  • „Тест, кореодрама“, р. Наташа Поплавска и Гордана Деан Поп Христова, МНТ, 1999;
  • „Играта“ од Една Мазија, р. Бујар Кума, Скена Опскуре, 1999;
  • „Тартиф“ од Жан Батист Молиер, Факултет за драмски уметности-Скопје и Театар на народности Албанска драма - Скопје, 1999;
  • „Лифтот од горе“ од Харолд Пинтер, Факултет за драмски уметности - Скопје и МНТ, 1999;
  • „Децата на Лилит“ од Маја Мицевска, р. Ѓорѓи Јолевски, Универзална сала - Скопје, 2000;
  • Платор — „Генти“, р. Сулејман Рушити, Театар на народности Албанска драма - Скопје, 2000;
  • Марк Антони, Ромео — „Плеј Шекспир“ од трагедиите на Шекспир, р. Љубиша Георгиевски, МНТ, 2000;
  • Курт — „Палатата на соништата“ од Исмаил Кадаре, р. Алтин Баша, копродукција на три национални театри од Приштина, Тирана и Скопје, 2002;
  • д-р Остенмарк — „Татко“ од Август Стриндберг, р. Слободан Унковски, Бајруш Мијаку, 2003;
  • Орас — „Училиште за дами“ од Жан Батист Молиер, р. Софија Ристевска, Театар на народности Албанска драма - Скопје, 2004;
  • „Фани доаѓа сама“ од Ресул Шабани, р. Адонис Филипи, Театар на народности Албанска драма - Скопје, 2005;
  • „Сина соба“ од Дејвид Хер, р. Висар Вишка, Театар на народности Албанска драма - Скопје и ОДА Театар Приштина, 2007;
  • Младичот — „Шехерезада – црна комедија во 1001 минута“ од Срѓан Јаниќијевиќ, р. Срѓан Јаниќијевиќ, МНТ и Виш продукција, 2011;
  • „Животот е сон“ од Педро де ла Барка Калдерон, р. Владо Цветановски, МНТ, 2012;
  • Џон Балтимор — „Вечната куќа“ од Јордан Плевнеш, р. Дејан Пројковски, МНТ, 2013;
  • Духовникот — „Силјан штркот шанца“ од Дејан Дуковски, р. Срѓан Јаниќијевиќ, МНТ, 2016.

Филмографија[уреди | уреди извор]

  • „Жена без крилја“, Синеграф продакшнс (Канада и Албанија), 2000.
  • „Не заборавај ме/Unutma beni“, Канал Д (Турција), 2002;
  • „Имам право да знам“, Дрим фактори, 2003;
  • „Години самотија“, Дрим фактори, краткометражен филм, 2004;
  • Висар — „Боли ли?“, AKA FILM & Concordia Pictures (Македонија, Косово и Холандија), 2006;
  • Командант на КЛА — „Human Zoo“, р. Рие Расмусен, 2009;
  • Стево — „Бунило“, р. Даријан Пејовски, ТВ-филм 2009;
  • Американецот — „Ова не е американски филм“, р. Сашо Павловски, Мануфактура, 2011;
  • Генти — „Балкан Базар“, р. Едмонд Будина, Ера филм (Албанија) и Медиаплекс (Италија), 2011;
  • Лутвија Белмондо Мирга — „Шангај џипси“, р. Марко Набержник, Арс Медија (Словенија), 2012;
  • Алекс — „Мал дисконтинуитет во време/просторот“, р. Гоце Цветановски, 2013;
  • Смртта, Џони — „Човекот кој не сакаше да умре“, р. Гоце Цветановски, 2015;
  • Тахир Хабиби — „Белиот град“, р. Стивен Гаган, ТВ-филм, 2015;
  • „ДОДА: Животот и авантурите на Франц Барон Нопша“, р. Висар Вишка, документарен филм, 2016;
  • „Човекот кој не беше таму“, р. Гоце Цветановски, краткометражен филм, 2017;
  • „Долорес“, р. Радован Петровиќ, 2017;
  • Кареро — „Генерал“, р. Антун Врдољак, 2018;
  • Резарт — „Отворена врата“, р. Флоренс Папас, 2019.
Телевизиски серии
  • „Салон хармони“, МРТ, 1998;
  • „Во светот на бајките“, 1999;
  • „Наше маало“, прва сезона, Потрага по заедничка основа, 1999;
  • Имам Хасан — „Филантропист“, р. Џон Стрикланд, 2010;
  • Полицаецот Виши — „Икс компани“, 2015;
  • Доку Закајев — „Легенди“, 2015;
  • Гент — „На терапија“, р. Вардан Тозија, 2017.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]