Вирџинија Апгар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Д-р
Вирџинија Апгар
Вирџинија Апгар (6 јули 1959)
Роден(а)јуни 7, 1909(1909-06-07)
Вестфилд, САД
Починал(а)7 август 1974(1974-08-07) (возр. 65)
Менхетен, Њујорк, САД
ДржавјанствоАмериканка
Занимањеанестезиолог
Активен период1937–1974
Познат(а) поИзумител на Апгаров тест

Вирџинија Апгар (англ. Virginia Apgar; 7 јуни 1909 — 7 август 1974) била американски акушерен анестезиолог[1][2] најпозната како иноватор на Апгаровиот тест за новороденчиња, начин за брзо проценување на здравјето на новороденото веднаш по раѓањето со цел да се намали смртноста кај новороденчињата. Таа била водач во полето на анестезиологијата и тератологијата.

Кариера[уреди | уреди извор]

Таа специјализирала анестезиологија и педијатрија. Во нејзиното време, таа била водечки анестезиолог и основач на неонатологијата. На јавноста, и на своите родители, позната им е по својата медицинска иновација - Апгар тестот, со кој значајно се намалува процентот на смрт кај новороденчињата во светот.

Сакала да стане хирург,[3] но поради обесхрабрувањето од страната на д-р Алан Виплиј се откажала. Се запишала за изучување на анестезиологијата и веќе во 1938 година станала директорка на новоформираното Одделение за анестезиологија при Клиниката во Колумбија.

Вирџинија, во 1949 година, постанува редовна професорка на Универзитетот во Колумбија, а во 1953 година почнува да го применува тестот, кој се практикува и ден денес и го носи името според нејзе.

Објавила повеќе од 60 научни работи и голем број текстови за дневните и неделните весници во САД, обидувајќи се да им го објасни правиот начин на мајките за грижата за нивните бебиња.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Esra Gurkan. „Discoveries that changed the world“. Cnn.com. Посетено на 7 June 2018.
  2. „Today In Medical History - June 7, 2016“. Medical News Bulletin | Health News and Medical Research (англиски). 2016-06-07. Архивирано од изворникот на 2018-06-12. Посетено на 2018-06-07.
  3. „The Virginia Apgar Papers: biographical information“. Profiles in Science. National Library of Medicine. Посетено на May 17, 2014.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]