Прејди на содржината

Вироид

Од Википедија — слободната енциклопедија

Вироиди се растителни патогени кои се состојат од една кратка, кружна, РНК молекула без белковинска обвивка која е карактеристична за вирусите.[1]

Вироидите биле откриени и именувани од страна на Теодор Ото Динер, растителен патолог вработен во Службата за Земјоделско Истражување во Мериленд во 1971 година.[2][3][4]

Вироидите се екстремно мали по големина, со геном од 246 до 467 нуклеотиди и се состојат од помалку од 10,000 атоми.[5] Досега се идентификувани 33 видови.

  1. Campbell & Reece (2008). Biology. Pearson Benjamin Cummings. ISBN 0-8053-6844-2.
  2. Diener TO (1971). „Potato spindle tuber "virus". IV. A replicating, low molecular weight RNA“. Virology. 45 (2): 411–28. doi:10.1016/0042-6822(71)90342-4. PMID 5095900.
  3. „ARS Research Timeline - Tracking the Elusive Viroid“. 2006-03-02. Посетено на 2007-07-18.
  4. „Discovery of Viroids“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-03. Посетено на 2012-09-15.
  5. Wolfram, Stephen. „A New Kind of Science“. A New Kind of Science. Wolfram Science. Посетено на 22 January 2012.