Випфратал

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Випфратал
Место во Арнштат
Випфратал is located in Германија
Випфратал
Управа
Земја Германија
Покраина Тирингија
Округ Илм
Општина Арнштат
Место единици 12
Основни податоци
Површина 49,80 км2
Надм. височина 319 м
Население 2.907  (31 декември 2017)
 - Густина 58 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. IK
Пошт. бр. 99310
Повик. бр. 03629
Портал www.wipfratal.de
Координати 50°47′8″N 10°59′34″E / 50.78556° СГШ; 10.99278° ИГД / 50.78556; 10.99278Координати: 50°47′8″N 10°59′34″E / 50.78556° СГШ; 10.99278° ИГД / 50.78556; 10.99278

Випфратал (германски: Wipfratal) — поранешна општина во округот Илм, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Од 1 јануари 2019 година претставува дел од градот Арнштат.

Општината се наоѓала помеѓу трите големи градови во округот: Арнштат на север, Илменау на југ и Штатилм на исток. Била основана во 1994 година и опфаќала дванаесет единици, од кои Марлисхаузен била најголема. Сепак, седиштето на општинската управа била во селото Бранхевинда. Надлежна општина била окружниот град Арнштат.

Општината била именувана по реката Випфра, на која се наоѓале седум од дванаесетте единици.

Географија[уреди | уреди извор]

Општината се наоѓала помеѓу Тириншката Котлина на север и Тириншката Шума на југ на височина од 319 метри.

Соседни општини[уреди | уреди извор]

Општината се граничела со следниве општини (почнувајќи од север, надесно): Алкерслебен, Беслебен-Вилерслебен, Штатилм, Илменау, Плауе, Арнштат и Дорнхајм.

Општински единици[уреди | уреди извор]

Општината била составена од следниве единици:

Единица Жители
2013
Површина Височина Прво споменување
Општински единици
Бранхевинда 153 3,33 км² 387 м 0876
Данхајм 267 6,47 км² 377 м 0750
Етишлебен 148 3,49 км² 312 м 0750
Гербицхаузен 116 1,62 км² 341 м 1186
Хаузен 176 1,67 км² 332 м 0932
Кетмансхаузен 089 2,01 км² 414 м 1450
Марлисхаузен 12100 7,74 км² 319 м 0750
Нојрода 201 5,12 км² 402 м 1378
Рајнсфелд 174 5,49 км² 448 м 1209
Рода 062 2,81 км² 340 м 1239
Шмерфелд 096 2,99 км² 430 м 1303
Випфра 172 5,06 км² 402 м 1348

Галерија[уреди | уреди извор]

Во сите места постојат селски цркви.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]