Виолината на Ротшилд

Од Википедија — слободната енциклопедија

Виолината на Ротшилд“ (руски: Скрипка Ротшильда) — расказ на Антон Чехов.

Публикација[уреди | уреди извор]

Виолината на Ротшилд“ за првпат била објавена во „Рускије Ведомости“ број 37, во февруари 1894 година. Истата година била објавена во збирка раскази.[1]

Откако идејата му била предложена од Дмитриј Шостакович, [2]Виолината на Ротшилд“ била направена во опера од Вениамин Флејшман.

Содржина[уреди | уреди извор]

Јаков Иванов (со прекар „Бронза“) е седумдесетгодишен производител на ковчези во едно мало село, каде нема доволно смртни случаи за да успее неговиот бизнис. За да врзува крај со крај, тој свири на виолина за еврејскиот оркестар Клезмер каде бил повикан од неговиот директор Мојси Шахкес. Јаков не ги сака Евреите, особено флејтистот во оркестарот по име Ротшилд.

Сопругата на Јаков, Марфа се разболува. Нејзината болест го тера да жали за неговото несоодветно однесување, за студенилото и рамнодушноста кон неа. Во пресрет на нејзината смрт, таа го потсетува на нивното заедничко минато, но Јаков не се сеќава. Тој почнува да и го гради ковчегот пред таа да умре. Јаков на крајот и подлегнува на болеста. Откако тагува за својата сопруга, потоа се соочува со сопствената смртност; Ставот на Јаков се менува. Тој на крајот му ја дава својата виолина на Ротшилд пред да умре.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Chekhov, Anton (1974–1982). Collected works in 30 volumes, Volume 8 (руски). Moscow: Nauka. стр. 297–305. Архивирано од изворникот на 2017-05-05. Посетено на June 23, 2012.
  2. Bartlett, Rosamund (2000). Shostakovich in Context. Oxford University Press. стр. 206. ISBN 0198166664.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Викиизвор на англиски јазик содржи текст на тема: