Прејди на содржината

Виолетов повит

Од Википедија — слободната енциклопедија
Виолетов повит
Научна класификација [ у ]
Царство: Растенија
клад: Скриеносеменици
клад: Евдикоти
Ред: Лутиковидни
Семејство: Лутичиња
Род: Повит
Вид: Виолетов повит
Научен назив
Clematis viticella
L.

Виолетов повит (науч. Clematis viticella) е вид цветно растение од родот повит, Clematis, по потекло од Јужна Европа и Западна Азија, од Италијанскиот Полуостров до Иран.[1] Ова листопадно растение ползавец било првиот повит увезен во англиските градини, каде што го одгледувал Хју Морган во 1569 година. До 1597 година, во англиските градини имало две сорти, сина (всушност виолетово -сина) и црвена.[2]

Сите видови на Clematis viticella се отпорни во зима, толерантни и на сонце и на сенка.[3]

Во Македонија расте по грмушките во потермофилните заедници, и претставува доста ретко растение. Познато е за околината на железничката станица Овче Поле, во подножјето на Богословец над селото Делисинци. Се наведува и за Гевгелиско, Демир Капија, Валандовско, Дојранско, Охридско, Струмичко, долниот дел на Црна Река, долината на Дрим. Се смета дека некои примероци од наведените локалитети се всушност варијација Clematis viticella f. villosa кај која долната страна на листовите е густо влакнеста.[4]

  1. ↑ „Clematis viticella L. | Plants of the World Online | Kew Science“. Plants of the World Online (англиски). Посетено на 9 March 2025.
  2. ↑ „Clematis viticella | Botanic Garden“. Архивирано од изворникот на 2013-06-25. Посетено на 2012-06-21.
  3. ↑ Milbocker, Jana (2013-06-12). „Vigorous and Carefree Climber: Clematis Viticella“. Enchanted Gardens (англиски). Посетено на 2024-07-23.
  4. ↑ Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 113, МАНУ, Скопје, 1985