Виолетовокафеава гулапка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Russula caerulea
Виолетовокафеава гулапка (Russula caerulea)

Виолетовокафеава гулапка (Russula caerulea), попозната како грбница, е член на родот Гулапки, чии членови се познати и како кршливи Гулапка.Таа има боја на темно вино или виолетова боја печурката е за јадење и расте со четинари дрвја на крајот на летото и есента. Ја има во Европа и Северна Америка.

Таксономија[уреди | уреди извор]

Првпат опишана од микологот Кристијан Хендрик Персон во своето дело „Synopsis methodica fungorum“ од 1801 година како „Agaricus caeruleus“, неговиот специфичен епитет е латински caeruleus што значи „сино“.[1] Тој бил пренесен во родот Гулапка во 1838 година од шведскиот татко на микологија Елиас Магнус Фрис. Името Russula amara од Кужера во 1927 година е синоним.

Опис[уреди | уреди извор]

Шапката е 3 - 10 см во пречник. Таа е темнопурпурно-кафеава, со темен, понекогаш скоро црн центар. Отпрвин е конвексена, па дури и скоро во форма на звонче, но подоцна се израмнува. Речиси секогаш го задржува широкиот зашилен врв во центарот на шапката, по што е гулапка скоро единствена во родот. Кожата на шапката се лупи до две третини, а подоцна има заоблена маргина. Цврстата, бела дршка е 4-9 см висока, 1-2 см широка и со тесен клубски облик. Жабрите се спојуваат и се скоро споени со бледо окер боја, давајќи отпечаток на спорите во иста боја. Првично се доста тесно распоредени. Месото е бело и има благ вкус, но кожата на шапката е горчлива на јазикот.[2]

Слични видови[уреди | уреди извор]

Темновиолетова гулапка (Krombh.) Расте ретко со четинари, претпочита листопадни шуми. Нејзината шапка никогаш не е испакната, таа обично е вдлабната.

И Russula viscida Kudrna нема испакнатост и е многу ретка. Кожичката на шапката воопшто не се лупи.[2]

Распространетост и живеалиште[уреди | уреди извор]

Виолетовокафеава гулапка (Russula caerulea) се појавува кон крајот на летото и есента. Распространета е во северните умерени зони, Европа, Азија и Северна Америка. Веројатно е во микореза со борови дрвја (Бор), на песочни почви.

Јадење[уреди | уреди извор]

Оваа печурка е за јадење, но кожата е горчлива кога ќе ја џвакаме.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Simpson DP (1979). Cassell's Latin Dictionary (5. изд.). London: Cassell Ltd. стр. 883. ISBN 0-304-52257-0.
  2. 2,0 2,1 2,2 Roger Phillips (2006). Mushrooms. Pan MacMillan. стр. 25. ISBN 0-330-44237-6.